Warning: session_start(): open(/tmp/sess_2cdfe0cc33e5c78c1da1b0608090e1e7, O_RDWR) failed: Disk quota exceeded (122) in /home/oliver/public_html/mob/site_znaci/ljubov.php on line 3

Warning: session_start(): Failed to read session data: files (path: /tmp) in /home/oliver/public_html/mob/site_znaci/ljubov.php on line 3
Овен - љубов | oven - ljubov

Овен




Во љубовта согласно со нивниот еруптивен темперамент секогаш љубат страсно и избувливо. Љубовниот живот им се состои од потрага по авантури, возбудливи ситуации полни со жестоки емоции и страсти, проткаени со импулсивна еротика, но и љубомора.

Огнените Овни лесно влетуваат во љубовна авантура, а честопати многу импулсивно го прават првиот чекор. Овните од обата пола уживаат во “ловот” на партнерот, па дури и ако личноста на која го фрлиле окото е зафатена тоа нема да ги спречи да се впуштат во освојување. Тие не прашуваат туку со вродената самодоверба веруваат во успех. Мнозинството Овни многу рано го доживуваат првото сексуално искуство, но им треба многу време да научат како да го задоволат и партнерот. И мажите и жените Овни со задоволство се фалат со своите сексуални освојувања. Овните уживаат во почетните етапи на врската, кога љубовта и страста се најсилни. Се додека меѓу партнерите постои предизвик и додека обострано се стимулираат, врската може да се одржи. Долготрајната врска е слаба точка на Овните, зашто кога во врската ќе се всели досадата и кога расправиите станат бесмислени, Овенот веќе размислува за заминување. За да може врската со Овен да успее, потребен му е партнер кој ќе ја цени неговата отвореност и независност. Чуден и непредвидлив партнер ја пригушува сексуалната желба на Овенот.

ТОЈ: Мажот Овен мора да ја има својата слобода да може од време на време да излезе со пријателите и не бара жена која е посветена на домашните работи. Тој е еруптивен карактер, секогаш во него нешто гори. Остра разлика меѓу да и не, не сака ништо половично, потребно е да има повеќе добри аспекти за жената да може да го поднесе. Секогаш е насочен према горе, како пламенот, динамичен идеалист на кој му се потребни авантури. Сака жена која не мора да ја контролира, за да може да се посвети на своите амбиции. Нетрпелив е, не сака мешање во неговата работа, секогаш во некоја агресивна состојба. Се меша во туѓите односи, сака да види се и тоа јасно и прецизно. Ризикува само за да се афирмира, разгорените чувства го тераат брзо да ја троши својата снага, па во зрлите години веќе е уморен. Љубовта ја докажува со дела, а не со зборови. Неверството не го простува и лесно се одлучува на раскинување на врската. Верен е затоа што тоа не го планирал, а верен е најчесто во зрелите години. И покрај неспорната егоцентричност кога Овенот еднаш ќе се одлучи на брак спремен е да се жртвува за доброто на семејството и децата. Така тој станува незаменлив и се држи под своја контрола, па така успева и понатаму да остане Број Еден.

ТАА: Жената Овен не се чувствува задоволна во подредена улога, затоа и е поттребна независна кариера или било каква друга активност за да не ја угуши монотонијата на домашните обврски. Таа е импулсивна, страствена, спонтана и ведра. Мажот кој сака жената секогаш да го чека дома и да му биде во секој момент на располагање, во никој случај не смее да одбере жена Овен. Сака колку е можно побргу во себе да ја открие женственоста. Сака да облекува униформи, облека во живи бои за како цвет, да ја привлече пеперутката. Бара комплетен маж, силен за да ја скроти, нежен за да ја милува и патем нејзиниот збор да биде последен. Сака се да доживее визуелно и возбудливо, чувствата се разгорени, љуби страствено, дава повод, ја наместува ситуацијата и потоа како женски мајстор на играта тактизира, се извлекува и тешко се заведува. Се нуди со поглед, но добро знае до каде треба да оди. Освојува со леснотија и не поднесува сцени, приговори, озборувања, не го дели љубовникот со друга. Наметнува комплекси и конфликти. Не дозволува да и се мешаат во нејзините работи, на верноста одговара со верност, наверна е само за да врати. Се плаши од љубомората, затоа ги спалува своите чувства ако намириса неверство и веднаш бара објаснување.



Како заведува


Мажот Овен е авантурист и сака предизвик, па затоа негова омилена забава е флертувањето. Не е многу избирлив, поважно му е нешто да се случува, отколку со кого се случува. Но, иако ова е некакво правило, сепак тоа може да има и свои исклучоци. Кратко кажано мажот Овен лесно освојува. Овој човек освојува со оптимизмот, ентузијазмот, храброста, самодовербата, со решеноста во нешто да се тргне и да се успее во тоа. Сите овие негови адути во освојувањето тој ги знае многу добро, затоа што е многу самосвесен. Бидејќи му е најважно својата успешност постојано да ја потврдува, а во согласност со ова и да остави добар впечаток, тој своите позитивни особини великодушно ги нуди, а ги потиснува оние, навистина ретки, но сепак постоечки, помалку посакувани, не дозволувајќи им да се покажат. Па така, контролирајќи се себеси и совладувајќи една по една препрека, за да дојде до она што го посакува, тој успева. Тој е сакан и посакуван... но понекогаш и тој може да ја изгуби главата и тогаш е спремен на се. Тоа е знак дека дошло нешто што е за него повредно од она претходното, дека пристигнало можеби она вистинското - ЉУБОВТА. А љубовта бара игра за двајца. Овенот тоа го умее и тоа многу убаво. Тоа е всушност тајната на успехот на мажот Овен.

И жената Овен е вистинска авантуристка, која повеќе од се сака предизвици. Бидејќи е многу храбра не се воздржува ни од предизвиците на сопствената судбина. Затоа непрекинато се додворува, кокетира, флертува, а на оној кој посебно ќе и падне во очи му испраќа тајни, но нему разбирливи пораки, гледајќи го право во очите. Жената Овен освјува со енергичната страственост, оптимизмот, ентузијазмот, самодовербата, сигурноста во себе, храброста, со постојаната потреба да се докажува, со спремноста за нов почеток. Секое евентуално разочарување во неа раѓа мотив да тргне понатаму, така што тоа најчесто станува темел за нова среќа. Токму кога ќе помисли дека ова не е нејзино време, дека мажите не се интересни и дека не се вредни за напорот, тогаш на оваа жена и се разбрануват емоциите и наместо да биде очајна, станува опасна, како во емотивна така и во еротска смисла... Таа изразено плашливо освојува, па тоа делува како гром од ведро небо. Тајната на нејзиниот успех е токму во тоа, во изненадната промена, со која на мажот не му дозволува да остапи. Но сигурно и тој тоа не го сака, заради нејзината светлина, ведрина и топлина.



Како да го заведите


Господинот Овен во повеќето случаи е вистински прототип на мачомен. На него е оставено да пријде прв, а на вас воглавно да дозволите да бидете освоени. За да го заведете, би требало да задржите минимум независност (најмногу се ужасуваат од жените кои се камен околу вратот), да бидете дотерани (по природа се естети, а колку и да не признаваат, сепак важно им е што другите мислат за нивните придружнички) и полни со разбирање. Ова третото е посебно тешко, затоа што типичните Овни ги согледуваат работите на два начини. За нив тие се црни или бели, а ако случајно не се сложувате со она што вашиот љубен Овен го мисли или работи, тоа автоматски значи дека сте против него. Со срце на момче секогаш ќе покажува доволно ентузијазам за решавање на евентуалните несогласувања, но ако вечерите ги поминувате во плетење, пред телевизор и саканиот маж покрај себе тогаш би било подобро да се насочите кон друг знак. За овој човек секојдневната монотонија е збор кој убива, а промените и активностите му помагаат да остане во добра форма и да се чувствува исполнето.

Дамата Овен е храбра жена. Таа искрено верува дека може да направи се исто као и мажот, но тоа што самата си ја отвора вратата од ресторанот, нарачува пиење или повикува такси не ја прави помалку женствена од нејзините други зодијачки сестри. Ако сте во потрага за личност која со наведната глава ќе чека вие да донесете било каква одлука, типичната жена Овен заради тој ваш став може да ве гледа со презир. Ова е можеби единствената жена која прва вам ќе ви закаже состанок и чии доминантни особини се отвореноста и искреноста. Бидејќи и самата е многу активна, потребен и е маж кој ќе биде уште побрз, похрабар и поснаодлив од неа. Можеби се прашувате зошто - па затоа да може да се натпреварува со вас. За да привлечете жена Овен, потребно е со темпераментот и навиките да и бидете слични, што значи: самостојни, конкретни и со еден дел од битието секогаш свои. Таа бара силен, искрен партнер. Ретко кога го поствува прашањето за доминација и ако вашиот однос е навистина искрен и вистински, нема да и пречи вие да доминирате, или таа да го превземе водството, ако е тоа потребно. Со неа не е тешко, но не е ни лесно да се изгради искрен однос во кој секој има подеднаква одговорност во врската. Се зависи од вашата лична мотивација, но и од вашето срце.