Warning: session_start(): open(/tmp/sess_36ee3962ea0065d6f55996318f2682cb, O_RDWR) failed: Disk quota exceeded (122) in /home/oliver/public_html/mob/site_znaci/ljubov.php on line 3

Warning: session_start(): Failed to read session data: files (path: /tmp) in /home/oliver/public_html/mob/site_znaci/ljubov.php on line 3
Јарец - љубов | jarec - ljubov

Јарец




Јарецот е знак кој доцна проработува во сите животни области, а тоа важи и за сексот, но како што кажуваат астролошките учебници, Јарецот вреди да се почека. Иако на прв поглед овој знак не ветува сензуалност ниту топлина која е потребна на секој кој претендира за титулата на добар љубовник, Јарецот има свој скриени но јаки адути. Имено планетата на страста и сензуалноста-Марс, е егзалтирана токму во Јарец, со што на овој знак му ги пренесува своите најдобро квалитети. Вистина е и дека огнот на Јарецот е скриен под воздржаната и дистанцирана појава, строгите манири и нагласениот морал, што ги одбива повеќето импулсивни луѓе. Причина за ваквото однесување на Јарецот секако е нивната несигурност и внимателност. Тие никогаш не се излетуваат со изразувањето на своите склоности и унапред многу внимателно ги проценуваат своите шанси кај личноста која им се допаѓа. Во односот се посветени и многу ретко се впуштаат во авантури од страна. Секако има прмискуитетни Јарци од двата пола, но во такви случаи во таквата карта постои некојм елемент кој тоа го предизвикува и тоа најчесто нагласен Уран.

ТОЈ: Мажот Јарец со својот сексуален живот почнува нешто подоцна од своите врсници, затоа што сака да биде потполно сигурен дека тој прв пат ќе биде токму онака како што треба и со вистинската личност, па затоа пропушта бројни прилики. Тој сака убаво градени жени (не, слаби) и на фигурата на телото му оддава најголемо внимание. Ттреба да се каже дека овие мажи иако по ред ги бираат добрите жени за постојани партнери, потајно посакуваат секс со лоши девојки и посебно уживбаат во авантури кои вклучуваат ризик или имаат нешто забарането. Иако може да го избегне чувството на вина тој неможе да го отфрли чуството дека во сексот постои нешто мрачно или мистериозно. Иако постојат и мажи во знакот на Јарец кои не се многу заинтересирани за секс и го сведуваат на обичен саботен ритуал, типичниот Јарец е многу добар љубовник. Во тој дел на својот живот тој му пријдува сериозно и внимателно трудејќи се да се образува со целата расположива литература, да добро ја запознае ерогената мапа на телото и дијапазонот на позиции и техники. Иако во останатите аспекти на односот често е ладен и далечен, во сексот е многу посветен на партнерката и внимателен. Но треба да бидете свесни дека кај Јарецот сексуалноста доаѓа на второ место дури после амбициите кои треба да ги осатвари и сигурноста која треба да ја обезбеди, па однего нема да доживеете да ја прекинат работата или да задоцни во канацеларија затоа што го обзела страст. Дотолку повеќе неговиот партнер често ќе чека и Јарецот да ги заврши своите дневни и неделно обврски за да може да се опушти. Доколку мажот Јарец се сомнева во својата способност да се докаже и постигне одреден социјален статус, тој ќе стане или потполно незаинтересиран за секс или ќе стане Дон Жуан. Неговото сексуално однесување е всушност барометар на неговата самодоверба и екстремните ситуации во тој случај се лош показател.

ТАА: Жената Јарец е наизглед сторга и недопирлива но внатрешно е многу темпераментна. За да се опушти таа во врската најпрво бара сигурност, а потоа топлина и внимание. Таа ретко влегува во озбилни врски со мажи кои веќе биле во брак или се сеуште во него и при тоа тежиштето на односот никогаШ не го поставува на сексуалната усогласеност. Исто така се случува овие жени да манипулираат со своето тело, за да Што подолго го задржат мажот кој им значи, затоа што генерално страдаат од намалена самодоверба. Во овој знак често се среќаваат фригидни жени (емотивно и телесно), кои кога ќе добијат деца сексуланите уживања ги сведуваат на ранг на ретки празници. Сепак типичната жена Јарец е свесна на своето тело и како земјен знак е многу сензуална. Ако не е закочена со раното семејно воспитување, таа може да стане исклучително еротична и затоа што тоа е природен дел на нејзиниот земјен елемент, атрактивна е за мажите. Кога ќе го прифати своето тело и својата сексуалност таа ја губи вообичаената пасивност и често ја превзема иницијативата а тоа обично се случува дури во зрелите години. Со својата способност само да се посвети на еден човек и својата сензуалност да ја изрази на крајно суптилен начин, жената Јарец е извонредна и како сопруга и како љубовница.




Како заведува


На мажот Јарец од се во животот и љубовта најмногу му значи сигурноста. Порази и неуспеси не поднесува, па затоа и во освојување тргнува дури кога се добро ќе проучи и разгледа и кога ќе биде сигурен дека таа нема да го одбие. Или попрецизно - дури кога таа него ќе го освои. Тој пленува воглавно со своите позитивни црти, со сериозност, стабилност, постојаност, вредност, пожртвуваност. Многу е внимателен, верен и приврзан и остава добар впечаток со што влева доверба. Затоа девојката ќе посака да стане нејзин за на век. А покрај ова на почетокот е јасно дека гарантира и сигурност во материјална смисла. Тајната на неговиот успех лежи во овие особини. Но треба да се внимава, ако дамата сака романтика, нежност, забава и останати ситни животни радости, пренагласеноста на овие негови особини можат да и засметаат, дури и да ја разочараат. Затоа треба да се внимава малку на ова.

Жената Јарец освојува како што знае и умее, како кога, како каде, но секогаш на вистински начин. Воглавно, овој занает добро го знае или пак знае како секој добар занаетчија да се приспособи кон “објектот”. Ова не е случајно кажано, затоа што другата страна во очите на жената Јарец тоа е тѕака навистина, обичен објект, затоа што ја нема таа особина во однос на која бо дозволила да биде инфериорна. Ете затоа на прашањето Како заведува, следува одговор: како супериорна личност - лесно. Понекогаш некој ќе помисли дека сериозна дама со строг поглед која многу ретко се смее - нема душа... Меѓутоа ја има, но покрај толку студенило кое се чувствува околу неа, за емоциите не е сосема сигурно. Како би било сигурно кога ги кријат повеќе и подобро од било што друго. Зошто? Па едноставно, тоа им е во нивната природа. А против неа не се може. Или пак може? Зависи како кој... Но тие тоа ни самите не го сакаат. Им одговара таков пристап, па затоа и не го менуваат. Тие се “скроени” по старински, класичен шаблон и многу се оптоварени со личните преубедувања, предрасуди, се држат строго кон сите можни правила, ги почитуваат конвенциите... Затоа им се допаѓаат обично само на оние кои им се слични. Но тогаш двајцата одговорни, доследни, и над се сериозни, ќе направат чудо од врска - таа не само што ќе трае, туку и од ден на ден ќе биде се поубава. Тајната на успехот на жената Јарец е лежи во нејзините пресметки и решеноста да ТОЈ биде оној кој само таа ќе го одбере. Тогаш не постои таа сила што ќе ги спречи во таа намера. Иако според се друго како класична жена, заводничка во вистинска смисла таа сигурно не е, затоа што кокетирање и флертување не и паѓа на ум. Зашто, оној за кого ќе се одлучи да му го подари своето срце, мора сам да го заслужи.



Како да го заведите


Мажот Јарец е прилично конзервативен. Ако сакате да го заведете со провокативна шминка, предизвикувачка гардероба или со фалење на своите лични работни успеси, можете да постигнете единствено вашето име да го избрише од телефонскиот именик. Овој маж, секако, има свој идеал на жена, но тоа често е таков тип што однесувањето на вашата баба во младоста, за него би било авангарда. Но, можеби е малку претерано, сепак типичен претставник на овој знак со кој владее стегнатата планета Сатурн, мечтае за жена во традиционален и буквален смисол на зборот. Можеби ви делува премногу преокупиран со сопствената работа и затоа изгледа незаинтересиран. Но не се залажувајте. Под маската на вреден работник се крие исклучителен романтичар, но за да дојдете до тоа потребно е многу трпение. Смејте се на неговите шеги, направете покрај вас да се чувствува пријатно. Со еден збор храбрете го. Покажете искрено интересирање кон неговото семејство (мајката) и убедете го дека и вие копнеете за едноставен, топол дом. Ако сте доволно упорни и навистина искрени, вашиот дом ќе биде палата, затоа што постојат малку работи кои овој вреден маж не би ги направил за својата сакана жена.

Жената Јарец можеби на првиот состанок нема веднаш да ви бара извештај за состојбата на вашата тековна сметка или на девизната книшка, но бидете сигурни дека таа прави разлика меѓу кула во воздух, кула од песок и некои други градби со цврсти темели. Ако вие мислите дека за голема љубов доволно е двајцата да се сакаат, а дека сите останати работи некако ќе се средат сами по себе, тоа е многу убаво од вас, но таа така не мисли. Всушнот таа е многу емотивна, но не дозволува емоциите да загосподарат со разумот. За разлика од жената Стрелец кај жената Јарец понекогаш е непозната смислата на зборот разонода, или попрецизно кажано тие сакаат своето време корисно да го искористат. Театарот би и годел. Концерт на класична музика и помага да се опушти, а книжевна вечер сигурно ќе ја зинтересира, а ако бегате од дождот во друштво на жена Јарец, потрудете се, наместо во кафеана засолниште најдете во музеј. Таа во мажот бара интелектуална, емотивна и материјална поддршка, а ако вашите намери се искрени, ќе имате единствена прилика да набљудувате како вашата жена Јарец од карпа се претвора во скапоцен камен.