Warning: session_start(): open(/tmp/sess_4568899ca5a448a4e3d13ab592bae858, O_RDWR) failed: Disk quota exceeded (122) in /home/oliver/public_html/mob/site_znaci/ljubov.php on line 3

Warning: session_start(): Failed to read session data: files (path: /tmp) in /home/oliver/public_html/mob/site_znaci/ljubov.php on line 3
Риби - љубов | ribi - ljubov

Риби




Личностите родени во знакот на Риби имаат изразена потреба за пријателство и љубов. Повеќето врски кои ги остваруваат имаат траен карактер. Снажните личности имаат силно влијание на Рибите, а понекогаш дури можат да ја злоупотребат нивната добрина и алтруистичката природа. Рибите многу лесно се отвораат кон љубовта, но таа мора да биде романтична и нежна. Меѓутоа, спремни се да доживеат и голема страст која понекогаш се претвора во екстаза. На Рибите љубовта им е неопходна сила, затоа што чувствата им доаѓаат од длабочините на душата. За својот партнер рибата секогаш е спремна да се жртвува. Рибите уживаат во подзаскриени, потајни и невозможни љубови. Може да се каже дека Рибите понекогаш имаат некој вид комплекс од неуспех, па така често се трудат врската да не заврши премногу сериозно. Заљубената Риба е безгранично лојална, способна е да се надмине себе си па и да се мачи ако треба. Во одредени околности Рибата е во состојба да живее како аскет, во платонска и контемплативна љубов. Рибите се во состојба да се прилагодат на секоја љубов, освен на рутинската. Тие во љубовта често покажуваат садомазохистички склоности обвинувајќи го партнерот, а за тоа да не се ни свесни. Често пати ќе имате прилика да слишнете од Рибата како изјавува дека никогаш немала среќа, оставајќи на партнерот да размислува што тоа значи. Бидејќи Рибите се навистина непоправливи романтичари, нивниот партнер би морал да биде барем малку олицетворение на некој принц или принцеза. Секако, убавината е на прво место, потоа љубезноста, романтичноста, искреноста, алтруизмот, честа и така натаму. Можеби всуШност најидеален партнер на една Риба би бил оној кој би дозволил да го обликува според сопствена замисла. Во односите со партнерот Рибите не ја сакаат таканаречената еднаквост или правилната распределба на обврските и улогите. Тие од партнерот бараат креативност и способност да ги следат на нивните фантастични патувања надвор од прагот на свесното. Не им се допаѓа да бидат во друштво на некој кој е премногу авторитативен, иако ако тој некој се разболи, рибата е во состојба да му стане роб и потполно да заборави на своите потреби и вредности во кои верува.






Како заведува





Како да го заведите