Warning: session_start(): open(/tmp/sess_404c5c7320665c35eb28460994a3944f, O_RDWR) failed: Disk quota exceeded (122) in /home/oliver/public_html/mob/site_znaci/ljubov.php on line 3

Warning: session_start(): Failed to read session data: files (path: /tmp) in /home/oliver/public_html/mob/site_znaci/ljubov.php on line 3
Близнаци - љубов | bliznaci - ljubov

Близнаци




Оваа личност пред се сака да освојува, да открива, да запознава. На почетокот на врската таа ги поминува најубавите моменти и го вложува она најдоброто што го има. За нив се што е ново, сосема сигурно е возбудливо. Да се каже дека личноста родена во знакот на Близнаци дека е многу чувствителна, би било лага, но да се оптужува дека е неспособна да сака, би било претерување. За да се допадне некому, за да му се приближи, личноста Близнаци нема да ги штеди ветувањата и итроштините од секаков вид.

Кога во тоа ќе успее и ќе ја совлада жртвата ќе почувствува извесни потешкотии за понатамошно приврзување. Не сакаат себе си да си го отежнуваат животот со заклетви за вечна љубов, кога можат да уживаат во сегашноста. Личноста Близнаци секогаш е во потрага по својот двојник, по некој кој личи на неа, но ја спречува да скршне од правиот пат кога е во криза, по некого кој не ја загрозува нејзината слобода, значи некој кој е толерантен, кој не е љубоморен, ниту посесивен, некој кој во се е напреден.

Кога е заљубена личноста Близнаци не го менува распоредот на своето време. Таа и понатаму живее нормално, само што е помалку на располагање на другите луѓе. Многу е важно интелектуалното разбирање со брачниот другар, нивната способност да разговараат, брзо и добро да се разбираат. Тоа не значи дека врската треба да биде рамна, безшумна, без страсти. Бидејќи чувствува постојана потреба да го обновува своето возбудување, оваа личност не ги мрази предизвиците од партнерот. Близнаците го разделуваат сексот од чувствата; за нив да се изневери некој не значи да се спие на друго место, ниту да се лаже, туку значи да се нема повеќе желба ниту потреба со нив да разговарате. Извесно е дека постојат Близнаци кои заради афективната незрелост тешко успеваат за некого да се врзат. Но постојат и оние кои многу млади се врзуваат за еден партнер, а кои можат да се сретнат дваесет години попдоцна и понатаму со истиот партнер. Отсуството на страст, прилагодливоста, независноста понекогаш се поволни за долготрајни заедници.

Како и да е овој знак кој понекогаш го прогласуваат за рамнодушен, често има исполнет љубовен живот богат со искуства. Со оглед на својата раскажувачка дарба е еден од најдобрите за раскажување на убави љубовни приказни.

ТАА: Нејзината душа е детска, пристапува едноставно и лесно, дозволува милување, па и бакнување. Недолжен флерт, сака милувања но не ја интересира страствен допир, ја меша фикцијата со стварноста, па чувствата избувнуваат во неповолен момент. Сака маж-другар и љубовник, со безгрижни сваќања кој се восхитува на нејзината свежина. Слатка иронија не сака драматизирање, и сметаат дофрлувања, се радува на смешните подароци и со малку хумор ја разбива мрзливоста. Тоа ѓаволче го презира моралот, површно бакни ја и веќе е задоволена. Монотонијата и досадува и често во коитусот треба да се измислуваат нови пози. Не го планира неверството, нејзе тоа и се случува случајно на излет, на журка или поради чиста љубопитност. Инаку се нуди, меѓутоа не се дава, секогаш има спремна тема за отпор, делува со шарм и ве уверува дека од нејзе сте имале се. ТОЈ: Го има секаде, подложен е на секој ветар. Немирен, подвижен, несигурен, не му значи гордоста. Полот ненагласен, понекогаш хермафродит, бисексуалец, мултисексуалец. Нема комплекси ни еротски дилеми. Копнее кон лесни сензации, променливи мали возбудувања бидејќи без тоа нема стимулација. Не сака да се врзува за домот но парите ќе ги обезбеди со леснотија. Добар партнер во куќата, троши на куќното друштво, го разонодува со вицеви и маскирања. Наивен е и неопходен му е партнер со појаки принципи. Го заморуваат длабоки и постојани работи. Секоја нова ситуација го разведрува и зацврстува. За сопствената жена тој е врапче кое долетува и одлетува, нема завист и љубомора, случајното неверство го замачкува со хумор. Бидејќи не знае да мрази ни љубовта не му е длабока. Влегувањето во брак добро го планира а сопствените деца не знае татковски да ги воспита.



Како заведува



Нивната вродена отвореност и неусиленост им овозможува лесно да стапат во контакт со оние кои ги интересираат. Воопшто не се страмежливи и во состојба се да измислат бројни итроштиниза да бо дошло до прв состанок. Нивно значајно оружје при освојувањето е смеата: не само што во нивно друштво не е досадно, туку навистина човек слатко се смее на нивните шеги. Со нив нема неспретни и насилни движења, нема молчење кога погледите се избегнуваат. Не треба да се верува во нивното однесување од кое се заклучува дека не слушаат, а всушност тие се забележуваат и интуитивно погодуваат. На овие луѓе посебно не им се брза веднаш да дојдат до својата цел, чувствуваат ако оној другиот не се согласува или не е спремен. Тоа најмалку ги обесхрабрува, уште повеќе ќе дотури масло на нивната (вродена) радозналост. Може многу лесно да се случи во прво време да се задоволат со улогата на другар или довереник, така што на крајот стануваат многу блиски и ... Во други случаи тие освојуваат со својата смелост, со својата младешка отвореност: ќе ви кажат “јас ве сакам, јас ве посакувам” - пред стотина луѓе. А бидејќи такво нешто не се случува секој ден и бидејќи работата веќе станала јавна, вие сте освоени, дури иако тоа не е многу разумно. Но Близнаците имаат илјада други начини да се допаднат, играјќи ја едноставно улогата која одговара на ситуацијата; од рамнодушност до страст, тие импровизираат според своето чуство, а чувството многу често им е добро.



Како да го заведите


За да ги освоите Близнаците, најдобро е да ја разбудите нивната ненаситна љубопитност. Да ги гледате не претставува никаков проблем, секогаш ќе имаат еден час да ви посветат. Затоа препорачливо е да се поКажете непредвидливи, а ако сакате повторно да ги видите, немојте ни случајно да им се предадете уште на самиот почеток, ни физички, ни морално. Исто така не се препорачува да ги сфатите сериозно, затоа што тие брзо ќе се обидат да го злоупотреебат вашето трпение и ќе почнат да ја тераат водата на сосема друга воденица. Треба да бидете со весел дух и со шеговите природа, а кон тоа да додадете трошка таинственост, зрно авторитет и трпение. Во секој случај треба да се избегнува техниката на влажни очи, ледени раце и растреперено тело штом ќе се појават. Близнаците премногу би се плашеле да се впуштат во во некоја замрсена приказна која би можела да ја загрози нивната слобода. Со нив во суштина треба да се биде итар: да се почитува нивната желба за самостојност и да притоа не им бидете на располагање. За да ги освоите Блинаците мора да бидете поснаодливи од нив и мора да знаете што тожно сакате. Затоа што тие се заводлив плен подложен на влијанија, но брзо трчаат.