Warning: session_start(): open(/tmp/sess_a20bcaca55408ec6402bc8d1ba95de36, O_RDWR) failed: Disk quota exceeded (122) in /home/oliver/public_html/mob/site_znaci/ljubov.php on line 3

Warning: session_start(): Failed to read session data: files (path: /tmp) in /home/oliver/public_html/mob/site_znaci/ljubov.php on line 3
Рак - љубов | rak - ljubov

Рак




Месечината како владетел на Ракот го претставува одговорот на поединецот на влијанието на околината, па со тоа е воедно и клуч за разбирање на сексуалниот одговор. Управува со емоциите, ја покажува способноста да ги почувствуваат потребите на другите, исто како и сопствените. Да се биде способен за грижа за некој друг е знак за емотивна зрелост и аспектите спрема Месечината покажуваат како личноста реагира на туѓите потреби и барања - инстиктивно или е попречена од сопствените. Месечината ги претставува и навиките, она што го повторуваме низ нашите животи. Астролошката традиција вели дека во наталната карта на жените Месечината е поважна од Сонцето. Можеби тоа беше точно во минатото кога жените само одговараа на надворешните влијанија, неспособни и сопрени и самите да дејствуваат, посебно во љубовта. Денес жените веќе немаат пасивна улога и ги достигнуваат своите најдлабоки потенцијали исто како и мажите. Полето во кое се наоѓа Месечината е подрачје на несвесното, така да нејзините активности стануваат вообичаени попримајќи дури и облик на навика. Неповолните аспекти со Месечината укажуваат на несигурност и како одбрамбен механизам се јавува агресивност спрема другите, а со тоа и тешкотии во љубовта.

Личноста кај која е нагласена Месечината или Ракот се одликува со богат внатрешен живот и силни импресии. Се заљубува во зависност од дадената ситуација, како да доскитал од некаде и се врзува случајно. Несвесно бара семејство, а сепак тешко се одлучува за брак, потребно е да се поттурни, после тоа е благодарен бидејќи се прилагодува скоро на се. Кога се одлучува за брак прекинува со бурното минато. Се прилагодува кон сите околности, знае да го поднесе дури и неверството затоа што огништето и традицијата му се свети. Се чувствува среќен во интимниот домашен амбиент, затоа му треба цврст партнер кој ќе му овозможи постојаност. Бакнува внимателно и нежно. Коитусот најчесто е пропратен со воздишки, сака повеќе душевност отколку естетика.

ТАА: Не покажува премногу надворешна убавина, телесната страст е латентна, неизразена. Мирна, повлечена, се двоуми и на идеалната брачна понуда. Извор на топлина, од нејзе извираат тивки и бујни чувства, волшебство на мечтите и ноќта. Непретпазлива, плашлива, подложна на секакво влијание, па неправедно ја оценуваат како лесна роба. Никогаш не ја открива љубовта, во смислено припремената романтична стапица паѓа заради тоа што не знае да даде отпор, потоа долго трпи и плаче. Постојано патува со мислите, па грубата јавност понекогаш ја доживува како сон. Многу е приврзана кон домот, мажот, децата. Без деца животот и е промашен и се посветува на религија. Обично има бујни гради. Еросот во бракот е светост, неверна е само во соништата, темницата и сонот доловуваат многу страсти во сите можни пози, ни воведни бакнежи не се потребни. Ако е изневерена простува и страда, така да тоа може да ја одведе во носталгија и трагедија. Мајка која се жртвува.

ТОЈ: Прилагодлив и способен да проникне во суштината. Како момче троши во весело друштво, како оженет толку се грижи за куќата и жената, така што жената мора да го тера да излези. Понекогаш, како инстиктивно гради куќа покрај вода, ја негува градината и домашните животни. Собира спомени, памети детали и ја продолжува традицијата. Потребно е само мал број добри аспекти за бракот да бида среќен. Се прилагодува кон секој тип, ги простува грешките, ја поднесува судбината. Потребна му е жена која ќе ги средува неговите замрсени преокупации, која ќе го поедностави животот и зацврсти постојаноста. Еросот во младоста му служи за пополнување на постојаната жед за душевни доживувања и промени. Во бракот наеднаш се откажува од друштвото и прекинува со сите поранешни авантури. Неверен е единствено ако нема душевен мир или ако почне да пие. Потребна му е практична и работлива жена која не попушта премногу.

Личноста родена во знакот на Рак можеме наједноставно да ја опишеме како некој кој е во постојана потрага кон совршена љубов, нешто како неограничена и заштитничка мајчинска љубов. Ракот е занесеник кој очекува во љубовта да најде се, да верува во се, да се занесе. Прилично наивен и романтичен, Ракот често се изложува на опасноста да биде разочаран. Некогаш сепак успева да го контролира своето воодушевување и да покаже малку разбирање; само стравот од страдањето го прави да биде внимателен. После доживеаното лошо искуство долго ќе се преиспитува пред да се впушти во нова авантура. Заљубениот Рак потполно е под влијание на својата љубов и преполн е со нежност. Тој околу саканата личност како да плете густа мрежа и не пропушта прилика да стане неопходен и ценет. Многу е постојан во љубовта, но не се задоволува со ништо друго освен со потполно предавање. Ако ја пронашол вистинската личност за себе, Ракот нема да ризикува да ја изгуби, затоа што за него верноста се подразбира. Но, затоа и од својот партнер многу очекува, поимот самостојност тој не го познава. Ракот постојано очекува докази за љубовта, охрабрувачки зборови и докази за иднина. Со еден збор тој се предава со душата и со телото. Сепак во ваквата врска демнат две опасности: навиката и посесивноста. Ракот е во состојба да го задуши партнерот со својата љубов, иако тоа никогаш нема да му биде јасно, а оставениот Рак страшно ќе страда. Сепак тој не се предава лесно, а ако сфати дека крајот е неизбежен, тој може да стане дури и непријатен. Неговата љубов тогаш може да се претвори во омраза кон личноста која го напуштила. Напуштениот Рак ќе живее во сеќавањата на убавите моменти се додека не наиде на нов партнер кон кој срцето ќе му затрепери и кого, се разбира ќе го идеализира. Заљубениот Рак длабоко сака да се врзе, на било кој начин-само е важно да постои доказ дека неговиот партнер е недвосмислено со него, дека нема да го напушти. Ракот ретко прв размислува за разидување, посебно не на суров начин, дури и кога не е се совршено, Ракот со време се повеќе се врзува особено децата најповеќе значат врзување за партнерот. Доколку случајот одлучи поинаку, таткото или мајката Рак упорно ќе се борат и да ги остварат своите права за грижа за потомството. Иако е посесивен и љубоморен, Ракот ќе замижи пред ситниците и минливите заблуди. Меѓутоа ако се почувствува загрозен, ќе покаже како борбен и способен детектив. Изневерениот Рак страда толку што станува опасен.



Како заведува


Ракот не е од личностите кои ќе го направи првиот чекор кон личноста која ги привлекува. Премногу е внимателен и чувствителен да би ризикувал да биде одбиен. Меѓутоа, тој ќе се потруди да го сврти вниманието кон себе, водејќи сметка да остави добар впечаток. Кога жртвата е намамена, Ракот ќе даде се од себе. Ќе биде внимателен и полн со фантазија, со еден збор ништо нема де пропушти да стори се за жртвата да “падне на теме”. Ако неговиот пристап сепак доживее неуспех, Ракот е поразен, но не и обесхрабрен. Тој со голема трпеливост ќе чека нова прилика. Всушност тој е толку препреден, што кај другиот умее да предизвика желба за пдоцна да го вовлече во мелодрама, а овој нема ни да знае како да ја одбие главната улога.

Бидејќи се многу повлечени и несигурни кога нивните емоции се во прашање, ќе ви треба малку повеќе време за да сфатите дека се интересира за вас. Во прво време жената Рак ќе биде на пристојна оддалеченост, но секогаш покрај човекот кој ја интересира и тоа првенствено во улога на верен пријател. Ако нешто и значите ќе ви го посвети многу внимание, од убави зборови до вкусни колачи. Мажот Рак ќе се однесува како игла на компасот кој се наоѓа точно над далновод. Малку ќе се осмели, па низ шега ќе изјави љубов, па потоа брзо ќе се повлече, за пота повторно да се обиде и така натаму... Многу е внимателен при изборот на партнерот. Кога ќе се одлучи мажот Рак освојува многу суптилно, но директно и многу упорно.



Како да го заведите


Ако сте решени да освоите Рак, секако тоа немојте да го правите фрлајќи му се во прегратка со блуден поглед. Мора да бидете поитри. Личноста родена во знакот на Рак очекува да покажете интересирање за неа, без наметливост, но затоа со многу топлина и разбирање. Вашето присуство мора да влева сигурност, а нежноста и трпението се најдобрите адути ако сакате да го освоите и задржите Ракот. Меѓутоа, водете сметка дека е многу важно да ги оставите во уверување дека тие го водат главниот збор. Кога чувствата се во прашање, оставете некои работи да останат недоискажани. Малку тајна не е на одмет, а освен тоа Ракот без илузија секако ќе одлета.

За Раковите кои се прават луди и се однесуваат пасивно, применете друга тактика. Ракот секако не е тешко да го намамите во топлиот дом, но сепак за тоа треба добро да размислите навреме. Затоа што и ракот кој ништо не барал, кога еднаш ќе влезе во игра нема лесно да се согласи да биде избркан. “Кога толку ме сакал, сега нека ме трпи” - тоа ќе биде логиката кон која ќе се придржува Ракот. Да го сочувате Ракот треба да му обезбедите покрив над главата, многу нежност и пред се сигурност. Ракот секогаш се враќа во крилото кое го заштитува, кое му ги простува хировите, кое понекогаш ја прифаќа и неговата непостојаност. Тоа сепак не значи дека треба да бидете попустливи или привидно рамнодушни, спротивно на Ракот му е потребна цврста рака од која ќе се плаши и која ќе го натера да се одлучи. Но секако најсигурен начин Ракот да го врзете за себе за цел живот е да му подарите дете. За тоа е подготвен да ви го подари целиот живот.