Warning: session_start(): open(/tmp/sess_0f8005a9f0864f0a0faf86ae05e8e6e1, O_RDWR) failed: Disk quota exceeded (122) in /home/oliver/public_html/mob/site_znaci/ljubov.php on line 3

Warning: session_start(): Failed to read session data: files (path: /tmp) in /home/oliver/public_html/mob/site_znaci/ljubov.php on line 3
Лав - љубов | lav - ljubov

Лав




Лавот во љубовта повеќе се однесува како татко отколку како партнер. Не брза за да влезе во брак, доста е претпазлив и се заљубува кога мисли дека е потребно, односно кога партнерот ќе ги задоволи сите негови замислени барања. Сака партнер со кој врската ќе ја претвори во јавна чест, ќе се стекни со повисока положба и ќе претставува блесок во друштвото. Ако неможе тоа да го постигне наоѓа резервен партнер со кој ќе постигне сигурност во животниот пат. Љубовта не ја докажува, не ги бакнува рацете и не дели комплименти. Кога е заљубен редовно подарува поклони, најчесто скапоцен накит и цвеќе. Во бракот е озбилен, не реагира на озборувањата за кои мисли дека тоа луѓето го прават од завист. Либерален е во љубовта и затоа искреноста во неа многу му значи, меѓутоа знае да претерува со своите принципи. Добро размислува и ги разгледува сите околности кога сака да се одлучи за раскинување на врската. Тој е глава во куќата и од децата бара безусловно да го почитуваат. Живее конвенционален живот и стабилноста во животот му донесува среќа. Тешко се снаоѓа во модерните либерални односи, кои не ги прифаќа, често ги исмејува и цврсто ги брани своите ставови. Бакнува со постепен притисок, ни нападно, ни стравствено со што му допушта на партнерот припрема. Ако доминираат лоши аспектите во наталната карта, ги преценува своите можности, се фали со пријателства од високот круг кои се спремни секогаш да му помогнат, а сето тоа го прави да се однесува снобовски.

ТОЈ е со силни принципи со кои ја мачи околината и често е неподнослив со своето настојување по секоја цена да биде во центарот на вниманието каде и да се појави. Сака маска, форма и достоинство кое го тера да преминува преку озборувањата. Има преголема гордост и може да ја занемари кога се работи за семејството или партнерот но сепак останува добар родител и брачен другар, макар и формално. Во сексот повеќе се однесува нормално отколку еротски. Најпрво има потреба за нежност, а потоа ќе ја покаже својата страственост. Кога води љубов секогаш има впечаток дека се гледа самиот себе, се однесува како глумец и многу тешко вистински се предава. Во почетокот ќе настојува да ја задржи својата доминација, улога на господар меѓутоа ако се препушти на партнерот многу лесно може да се загосподари со него. Тој обожава во љубовните игри да биде совладан. Семејството му е морална должност. При влегувањето во брак се труди да ги заборави сите поранешни авантури и не сака да слуша за авантурите на својата жена. Не е љубоморен кога е во прашање неговата гордоста. Во него има морална и физичка заштита која безусловно му ја пружа на партнерот, сака жена која ќе ја презентира во јавноста, а воедно да биде и домаќинка. Во домот му дава важност на ситниците, а надвор само на крупните работи. Верен е, избегнува ситуации во кои треба да одбие, а ако дојде до таква ситуација тоа го прифаќа како прав љубовник, но понекогаш и му е потребна авантура за да ги докаже своите вредности.

ТАА има повеќе хармонични пропорци и шарм со кои е атрактивна, отколку убавина. Сака здрав и редовен секс кој некогаш преминува во первезност. Најчесто имаат светол тен, сигурен поглед и спуштени гради. Често со своето движење и облекување, кои им се нападни го скренуваат внимнието на себе. Како кралица освојува лесно и со неодолива иницијатива, а најчесто има еден во резерва. Без предрасуди, компромиси или комплекси, не обрнува внимание на озборувањата. Слободна е, не се загрева и неможе лесно да се освои. Верна е поради достоинството, а неверниот партнер го напушта без освета. Сака комплетна љубов и најчесто мажот мора да го следи нејзиното раководење, па дури и во креветот. Незнае да ја скрие љубовта. Понекогаш ја освојуваат титули, скапоцени дарови, раскош, или ако удварачот му ги знае слабостите. Добро оценува до каде може да оди, дури и со алкохол. Не е љубоморна. Не ги цени површните комплименти. Понудата од удварачите без многу размислување ја прифаќа или одбива, бидејќи партнерот за неа мора да исполнува одредени норми кои се воочливи на прв поглед и не се грижи за тоа дали е еротски се во ред. Во кујната наметнува свои услови по кои треба и мажот да се прилагоди. Ги фали децата и мажот кој постанува или богаташ или папучар.




Како заведува


Лавот има чудотворен рецепт за освојување, тој за тоа има дарба и ретко доживува неуспеси. Тој не мора многу да се труди, доволно е да е присутен, затоа што неговиот шарм делува сам од себе. Личноста родена во знакот на Лав поседува вродена отменост и шарм и лесно освојува со својот аристократски изглед. Лавот никогаш не брза по лесен плен, затоа што препреките го поттикнуваат да се труди. Ако сте го привлекле вниманието на некој Лав, долго ќе ви раскажува за најстраствената личност на светот: за себе.

Да би можел да сака Лавот мора да биде обожуван, но и да обожува. Лавот е склон кон идеализирање на личностите кои ги сака, иако не во вистинска смисла на зборот, затоа што тој всушност личноста која ја сака ја гледа онаква каква и самиот сака да биде. Во неговата глава секогаш постои слика на идеален партнер кој би ги задоволил неговите желби, кој би му помогнал во создавањето на кариерата или би бил идеален родител, кој со еден збор би ги поседувал сите квалитети. Но секако не би бил подобар од Лавот, и на него треба да се потпре и да бара совети.



Како да го заведите


Ако сте решиле да го уловите кралот на животните не смеете ни за момент да заборавите дека имате работа со еден владетел, односно морате да водите сметка да бидете на висина на задачата. Мажот Лав секогаш ќе го заинтересира резервирана, таинствена, елегантна и недостапна жена. Лавот е типично “мажиште” верно на традицијата; не се исплаќа да му пријдувате затоа што тој сака иницијативата да биде од неговата страна. Тој мора да има впечаток дека тој прв ве забележал, а кога ќе останете насамо раскажувајте му за него. Восхитувајте му се, но избегнувајте ласкање, зашто тој сепак не е блесав. За да ја освоите жената родена во знакот на Лав додворувањето е обавезно. Морате да бидете отворени но тактични. Оваа жена бара почитување и уважување. Осетлива е на комплименти но рафинирани. За својата кариера раскажувајте и сериозно, затоа што за жената Лав најважна е кариерата на мажот.

Кога се работи за личност родена во знакот на Лав, било да е во прашање жена или маж, обавезно избегнувајте претерана слобода и простотија: Лавовите го ценат учтивото однесување. Во секој случај Лавот е достоинствен, силен и доминантен. Лавот мора да почувствува дека му се восхитувате. Но и вие морате да се однесувате како него: бидете горди, достоинствени, неустрашливи, за да тој може со вас да комуницира емотивно и интелектуално. Оставете му илузија дека тој ве освојува вас а не вие него. Лавот е елегантен и тоа го очекува од својот партнер. Води сметка за својот изглед, затоа што сака да биде во центарот на вниманието. Лавот во живот очекува голема љубов, избегнува комплицирани ситуации, но не сака повлечен живот. Вие морате да бидете човек од авторитет, амбиција, снага и енергија. Лавот ги обожава личностите кои победуваат, а за да ве сака тој мора да ви се восхитува. Ако не сака да види некои ваше особини, тој едноставно нема ни да ги забележува.