Девица
Девиците се интелегентни, несигурни и склони кон анализа кога е љубовта во прашање. Често пати под својата ладна маска ги крие своите чувства. Педантни се и прецизни и обично во животот се до ситница планираат. Бидејќи се мора да биде како што треба во нивната куќа, на училиште, на работа, се стрекнува впечаток дека немаат многу време за љубов. Скептицизмот и недовербата спрема туѓите чувства не им дозволува да се опуштат и да се препуштата на своите.
Во сексот Девицата се предава со душа. Бескрајната нежност ја подразбира само со личност која ја сака и во која има доврба. Никогаш не се восхитува само на физички изглед. Таа бара квалитет и често е пребирлива. Побрзо ќе бидат сами одколку со некој кого не го сакаат. Не трпи увреди на нејзините чувства, премногу е чувствителна за тоа да го разбере, прифати и прости. Дури и кога ќе се заљуби, типичната Девица не се препушта лесно на своите емоции и желби и се посматра низ призма на разум и мудрост. Заради тоа со девиците треба да се биде стрплив, искрен и нежен
ТОЈ: Овој човек не се заљубува многу лесно. Многу работи се потребни за неговото срце да се отвори. Но кога еднаш ќе се предаде тој станува лојален и верен и потполно се посветува на својот партнер. Ни мажот ни жената Девици не се претерано склони кон деца но кога ќе ги добијат совесно ќе се грижат за нив. Девиците сакаат исто како родителите да бидат совршени. Многу пријатели ќе го гледаат мажот Девица како затворен и молчалив кога се во прашање неговите проблеми и сексуалниот живот. Неговото семејство и блиските пријатели можеби ќе мислат дека е тешко да се живее со него и можеби се во право. Неговата склоност кон критека и скржавоста кога парите се во прашање не се особино кои лесно се прифаќаат. Неговите принципи се извонредно морални, а стандардите високи. Но за несреќа тој очекува и другите да живеат според правилата кој ги одредил и кон кои се придржува што не е чесно према нив. Тој и во љубовта прикажува силна желба да се посвети на служење на другите. Неговата партнерка мора да биде внимателна и нежна, затоа што отј често ќе делува ладно и незаинтересирано за секс. Тешко му е вербално да ја изрази својата љубов и може да се случи сексот да не завзема високо место на неговбата листа на потереби. Најчесто своите чувства ги открива низ секојдневните ситни знаци на внимание, со својата присебност во кризните ситуации и нежното внимание спрема саканата личност кога ќе се разболи. Никој не умее толку успешно да се грижи и да внимава на другите како Девицата.
ТАА: Оваа жена обично покажува смисла за рачни работи и умее да ги искористи работите за кои никој не био рекол дека можат да послужат за нешто, па затоа најчесто ја гледаат како надарена личност. Нејзиниот вкус се наклонува кон едноставното но складно облекување и често е на граница на конзервативност. Таа е интелегента и критична према другите но и према себеси. Сепак не е тип на домаќинка, важна и е кариерата и најчести има успеси према работата. Да го помине денот занимавајќи се исклучиво со домашни работи за неа е непогодно и досадно. Иако своите деца многу ќе ги сака и ќе се грижи за нив тие нема да бидат целиот нејзин живот и нејзината смисла на постоење. Постојано и е потребно да ја стимулира нејзината интелегенција. Желбата да служи на другите и да се грижи за нив честопати ќе ја однесе во медицинска професија. Можеби на другите ќе остава впечаток на ограничена и малодушна но во она што мисли дека во сексот е правилно или неправилно, при што нејзините прилагодливи пријатели често ќе ја гледаат како лажна свтица.
Како заведува
Маж Девица: Бидејќи аналитичноста е една од вашите најизразени црти, таа кај вас стапува на сцена во секоја животна ситуација, според тоа и во љубовта. Благодарение на тоа вие брзо ги одмерувате позитивните и негативните особини на потенцијалната дама, а потоа, доколку се заинтересирате, ништо не може да ве спречи во освојувањето. Доколку наидете на препрека, вие разумно и успешно ја отстранувате. Освојувате со своите доминантни особини и тоа практичноста, дипломатичноста, смислата за организација, вечната будност на духот. Со овие особини го плените женскиот свет, па затоа “пленот” лесно станува ваш. Но за секој случај можете себеси да се зајакнете уште со некој адут - внесете малку романтика, нежност и поетика во вашиот стил и тогаш можете да бидете сигурни - нема дама на која тоа нема да и се допадне. Тајната на вашиот успех во освојувањето лежи во доброто планирање, систематичноста, сигурноста во настапот, желбата да се успее.
Жена Девица: Вие освојувате вешто криејќи ја вистината за себе... Секој пат кога тргнете во освојувачки потфат обавезно спремате нова маска, но секогаш со примеса на наивност и страмежливост. Зашто, кој знае каков е оној на кого ќе наидете. А потоа ако се покаже како пријатен и плус тоа ви се допадне, вие ќе ја симнете маската. Во спротивно ќе ја задржите уште извесно време, па ако утврдите дека тој сепак не е за вас, ќе заминете што подалеку од него, така што тој нема ни да насети кои сте вие во стварност. Освојувате со вашата грациозност, атрактивност, женственост, елеганција, шарм, префинетост. Друштвени сте, комуникативни, умеете убаво да се забавувате, па и да ги забавите и другите. Знаете да фасцинирате, да поттикнете и разбудите токму она што треба. Тајната на вашиот успех во освојувањето е во вешто избраната маска, во спретното кокетирање. Само, внимавајте - маската треба да ја симнете во вистинскиот момент.
Како да го заведите
Господинот Девица предност му дава на квалитетот над квантитетот, што делумно е последица на постоечкиот конзервативизам и срамежливоста, а делумно на тоа што страшно се плаши да не направи грешка. Овој Меркуријанец мора се добро да провери, а зборот спонтаност скоро и не постои во неговиот речник. За да го заведете бидете како него, уредни, промислени, одмерени... Секој вид на неорганизираност и хаос кај него предизвикува природна одбивност. Зачленете се во библиотека и потрудете се да се информирате за сите актуелни културни збиднувања. На Девиците им е потребен адекватен соговорник. Некаде длабоко во душата тие се големи сентименталци, но ретко која девојка има доволно трпение тоа да го согледа. Ако очекувате серенади под прозорецот, заменете го на пример со Стрелец. Ако ви се потребни долги уверувања дека сте сакани, повторно сменете го знакот. Овој маж многу теШко ги изразува чувствата (поготово јавно). Ако ви треба солиден, доверлив и партнер кој ќе ве разбере, мажот Девица е она што го барате.
Госпоѓицата Девица е една од оние жени кои на вашите воодушевувачки комплименти и ласкањето ќе остане мртва ладна. Таа многу добро ја знае разликата меѓу зборовите и делата, меѓу формата и суштината и секогаш го избира ова другото. Ако со нејзе имате намера да муабетите претресувајќи ги актуелните трачеви од естрадата, ќе ве смести во фиоката со наслов “несериозен и залуден”, затоа што нејзе и е потребен маж со потполно спротивни особини. Уредно потстрижете се, облечете беспрекорно испеглано неупатливо одело и најавени чукнете на нејзината врата со две театарски карти во џепот или со моментално актуелната книга, која на пример обработува проблематика на влијанието на Кантовото учење врз понатамошниот развој на германската класична идеалистичка филозофија. Но претходно прочитајте ја книгата. Девиците не ја поднесуваат површноста, а со блефирање можете да постигнете само тоа таа моментално да ве заборави.