Warning: session_start(): open(/tmp/sess_359e1730c858b41796118b18437b19de, O_RDWR) failed: Disk quota exceeded (122) in /home/oliver/public_html/mob/site_znaci/vrski.php on line 3

Warning: session_start(): Failed to read session data: files (path: /tmp) in /home/oliver/public_html/mob/site_znaci/vrski.php on line 3
АстроМОБ | Врски

Скорпија




Овен и Скорпија


Скорпиите се мајтсори за напаѓање, со ладни и паметни стратегии и чувство за препознавање на туѓите слабости. Но ниту пак Овните се плашливци. Оваа комбинација секогаш е динамична иако воглавно Овенот најчесто се брани. Меѓу овие знаци постои меѓусебна фасцинираност и тешко е да се задржи овој однос. На брзиот и подвижен Овен му треба многу простор и слобода. Скорпијата секогаш го контролира партнерот, а тоа ги спечува дури и оние помирните и посемирени Овни. Ова е доста опасна врска. Двојниот Марс и силното влијание на Плутон ги зголемуваат страстите, но и приходите. Многу е тешко да се задржи оваа врска, но ако успее љубовното искуство е едно од најчудните во Зодијакот.

Бик и Скорпија


Сензуалност плус возбудувања и ако се додаде опасност еве ја врската помеѓу Бик и Скорпија. Првиот е трпелив, вториот не е. Првиот е посесивен, а вториот љубоморен. На првиот му треба материјален комфор, а вториот е често аскет. И на едниот и на другиот верноста му е важна работа. И двајцата не знаат да простуваат, а вториот дури и ќе се освети , освен тоа што ќе памти. Ова е сексуално извонредна врска, возбудлива и магнетски привлечна. Скорпијата е тоа што Бикот го сака, а Бикот е тоа што Скорпијата би сакала да биде. Овие двајца здружени во било која врска: деловна, семејна, пријателска или љубовна, ако одлучат да ги соединат талентот и способноста можат дури да ја променат и судбината. Покрај страстите заеднички му се и парите.

Близнаци и Скорпија


Близнаците се површни и непостојани, а Шкорпиите длабоки и средени. Тоа е врска на поверение и отвореност. Често пати се одлични соработници: Близнаците се со многу факти и анализи а Шкорпиите со силна концентрација и синтеза. Во оваа врска многу е важен аспектот Марс-Меркур. Во зависност од нивната поставеност може да биде среќна или несреќна врска. Најдобро е ако Шкорпија е мажот.

Рак и Скорпија


Ова се судбински важни врски кои неможат да ги расипат ниту лошите аспекти. Скорпијата како партнер е љубоморна, но Ракот вознесува со својата верност. Ракот бега од дома и се бори на многу места, но кога ќе дојде дома се смирува во топлото крило на Скорпијата. Жестоката Скорпија бара се или ништо, за предаство убива, но топлиот Рак го смирува. Овие две личности ги мотивираат чувствата и интуицијата. Врската која ги врзува обично е многу цврста. Раковиот чувствителен пристап кон сексот може само да ја продлабочи врската. Овие двајца ветуваат беспрекорна заедница.

Лав и Скорпија


Многу нестабилна врска. И двајцата се со силна волја, меѓутоа сепак тешко меѓусебно се надополнуваат. Единствено што може да ја одржи врската е силната страст што ја поседуваат, тоа и меѓусебно ги привлекува. Скорпијата сака детално да го анализира секој со кој доаѓа во контакт Лавот, иако самиот е премногу таинствен и ќе биде огорчен кога Лавот ќе го прави истото. Скорпијат сака да диктира кога и како ќе се трошат парите што не е во соогласнст со нормите на Лавот.

Девица - Скорпија


Иако многу различни имаат заедничка особина, а тоа е што се родени критичари, кои воопшто не се воздржуваат да го изразат своето незадоволство. Но иако се среќни кога ги искажуваат своите забелешки, не им е пријатно кога се предмет на туѓа критика. Сложената природа на Скорпијата, нејзините интензивни симпатии и несимпатии, како и емоционалната несигурност, Девицата тешко дека може да ги сфати. Иако Девицата настојува да биде верна и приврзана, Скорпијата и понатаму ќе биде љубоморна без некоја посебна причина. Многу тешка врска.

Вага и Скорпија


Ги привлекува некаква магнетна сила но суштински се многу различни. Може да се случи обострано да се повредуваат, а никогаш да не успеат да се разделат. Најчесто страда Вагата како послаба од Скорпијата. Двајцата имаат снажни сексуални потреби, но во Скорпијата се само емоции и страст, додека на Вагата и е потребно ментално стимулирање и возбудување за да остане со некого повеќе време. Во оваа заедница највероватно ќе владее или љубов или омраза, затоа што компромиси или златна средина не ги задоволува ни едниот ни другиот.




Стрелец и Скорпија


Оваа комбинација не е многу пожелна, затоа што двајцата имаат различен карактер. Најчесто Стрелецот е со весела природа, што не е типична одлика за Скорпиите. Во сексот покрај се можат одлично да се сложуваат иако Скорпијата е многу постраствена и спремна на потрајни односи отколку нејзиниот партнер Стрелецот. И токму заради склоноста на Стрелецот заради неверство ваквите врски се обично краткотрајни и привремени, но сепак со многу занос и меѓусебна симпатија. Скорпијата никогаш не ќе може да ги покаже своите најдлабоки чувства, а за нестабилноста на оваа врска секако ќе допридонесе нејзинаат огромна љубомора.

Јарец и Скорпија


Материјалната страна на животот можеби ќе биде точка во која овие двајца ќе се сложат. На двајцата им треба финансиска сигурност, но во тоа можат и да претераат. Двајцата се склони да го занемарат својот личен изглед и треба да се борат против апатијата во таа сфера. Во сексот Скорпијата е поактивна од Јарецот, но често пати помислува на најлошо кога Јарецот Ќе одбие да води љубов или вели дека е уморен. Вечната несигурност на Скорпијата може да ја наведе на помисла дека Јарецот има накој друг, а ако е тој страв оправдан нема да му прости.

Водолија и Скорпија


Драматичноста на сцените кој ги приредува Скорпијата, најмногу може да ја нервира Водолијата. Скорпијата е посесивна и ќе се обиде да ги поседува и мислите на Водолијата, но Водолијата се може да даде, но не и своите мисли. Ќе и смета истот така и материјалистичкиот став на Скорпијата, нејзиното поседување на материјални добра и луѓе и Ќе се труди да ја убеди дека нејзе никој не може да ја поседува. Подобро да не се ништо друго освен пријатели. На Водолијата пристојството и е најважнои тоа е единствена можност на Скорпијата да ја задржи оваа необична личност долго во својот живот.

Риби и Стрелец


На овој пар, навистина не им недостасува заеднички точки. Двајцата посебно ги сакаат патувањата, бекствата, удобноста, сигурноста, несигурноста и истовремено се воодушевени и егоцентрични. Имаат слични противречности и иста величенствена отсутност кога стварноста ќе им смета (едноставно - не ја признаваат и таа повеќе не постои). Значи, никакви проблеми во оваа врска, освен еден чувствителноста. Чувствителноста кај типичниот Стрелец е потчинета на идеалот и амбициите. Кај Рибите, чувствителноста опфаќа се и владее со се . Рибите не можат да ја совладаат, ги тресе како бура и ги остава задишени. Стрелецот може многу да страда, но тоа не го потресува толку многу. Неговата волја ги регулира тие работи. Во случај на криза разбирањето нема да се појави таму каде го очекуваат.