ПОЧЕТНА

Јуни
Работа

Јуни е вашиот месец и поставеноста н планетите укажува на идеален период за деловниот живот. Резултатите ќе бидат одлични, а вие ќе работите брзо и ефикасно. Уште на самиот почеток од месецот ќе ги решите сите деловни проблеми од минатото. Доколку се работи за некои недоврштени работи или некои кои површно сте ги обработиле, зафатете се со новно завршување. Бидете успешни во се што ќе работите. Ова сватете го сриозно, тргнете од почеток ако е потребно малку и помачете се , меѓутоа завршете се што ќе започнале. Средината на месецот ви носи нови деловни проекти на кои ќе мора потполно да му се посветите. Недовршените работи ќе ви оневозможат да ја искористите големата прилика кој ви се овозможува. Оние кои бараат работа како и сите оние кои се незадоволни од работното место можат да очекуваат поволни промени исто така некаде околу средината на месецот. Ќе слушнете многу нови вести, ќе ви се овозможат многу нови прилики и промени н аработно место. Што и да е не пропуштајте ништо од тоа. Единствено за што ќе траба два пати да размислете се партнерските односи. Во текот на целиот месец ќе ви се нудат вложувања во партнерство, но пред да го прифатите размислете добро. Посебно избегнувајте вложување во последната декада од месецот. Во овој перод нагласени се проблемите. Исто така во овој месец ви одговара тимска работа и работата во групи многу повеќе одколку самостојната. Благодарение на поволната поставеност на Марс во знакот на Лав ќе ви донесе среќа во ризичните дејности. Можете слободно да се опуѓштите во сите рискантни деловни акции, нема причина за страв. Бидете самостојни, не мора да се криета позади некој и на тој начин да ја делите одговорноста. Финасиската состојба преку целиот период ќе биде добра, не онаква каква што вие очекувате. Не трошете премногу, собирајте малку пари и за годишниот одмор.


Љубов

Венера во втората половина од месецот ќе биде во вашиот знак и ветува среќен љубовен период во кој можете да остварите многу љубовни желби. Меѓутоа ќе мора да знаете што скате како не би дошле во контрадикција со самите себе си. Избегнувајте заплети и замрсени љубовни односи, повеќе би ви одговарале кратки авантури без некои посебни обврски. На моменти ќе почуствувате потреба за топлина и нежност која ја пружаат трајните врски, меѓутоа доколку не сте во таква не влегувајте во овој период, многу подобро ќе си поминете како што погоре напоменавме во авантури и необврзани врски. Опасноста е во тоа што во овој среќен период можете нечии туѓи проблеми да си ги навлечете сами на себе. Однесувајте се нормално типичните близнаци знаат некогаш да претераат, а со таквото непромислено однесување можете трајно да си направит епроблеми во љубовната врска. Држете се до моралните норми повеќе од обично, но исто така не претерувајте во формализмот. Слободните Близнаци ќе водат интензивен друштвен живот, вашиот шарм ќе има многу успех, но при тоа тешко ќе се одлучувате за кој, кога и колку долго. Доколку им се препуштите на страстите ќе пливате од една врска во друга и ќе бегате од чуствата. Ако во тоа се чуствувате добро, не менувајте ништо. Ваквиот стил не е добар за постарите Близнаци и за оние кои бараат трајна врска односно брак. Близнаците кои се во брак или трајна љубовна врска ќе живеат во ми и љубов. Ќе ги обноват старите страсти, нежноста и разбирањето. Би било добро ако можете со партнерот да отпатувате некаде, сами или во друштво со пријатели. Дури и децата не би ви пречеле, меѓутоа неколку дена сами би било подобро. На момент заборавете на грижите и препуштете му се на овие среќни планетарни делувања. Посебно поволен период за љубов и патувања ви е првата половина од месецот. Кон крајот на месецот ве очекуваат и првите проблеми во љубовта односно во семејниот живот. Ќе ги поднесувате многу подобро доколку до тогаш добро се одморите. Исто така во овој период не се впштајте во авантури само затоа тој или таа да ги направите љубоморни, а себе си да докажете дека можете без него или без неа.


Здравје

Поволните планетарни делувања се особено изразени во првата декада од месецот. Во овој период нема да имате никакви здраствени проблеми меѓутоа интензивниот живот поврзан со честите ноќни забави и се што оди со нив би можел да ви покажи како сега не можете како некогаш. Односно дека и вашата издржливост има граници. Последиците од ваквиот начин на живеење ќе ги почувствувате во втората половина од месецот кога се можни пречки со варањето на храната односно желудникот. Со влегувањето на Сонцето во знакот на Рак после 21 Јуни ќе мора повеќе да се грижите за вашето здравје бидејќи енергијата ќе ви биди во постојано опаѓање.


Совет

Поставеноста на планетите е одлична за Близнаците, па затоа искористете ја не се плашете од промени, без многу размислување искористете ги сите можности.


Идеален партнер

Овој месец ќе ви одговараат страствени љубовни авантури кои најповеќе би ги оствариле со личностите родени во накот на Лав. Меѓу Близнаците и Лавот постојат големи разлики во еросот и психата. Тоа е љубов на волјата и интелектот. Ослободени се од сите предрасуди, чувствата не се длабоки, на љубомората и нема место. Тие се сраќни затоа што се гледаат реалистички. Се надополнуваат во јавната работа, на излетите, во друштво. Еротската страна нема да бида во ред (посебно за Лавот) бидејќи Близнаците се одликуваат со скромни побарувања, Лавовите не сакаат коментари. Во јавноста понекогаш оваа врска наликува на брак на снобови.