Овој месец би можеле да го поминете добро на деловен план доколку исполнете два услови: прво, помалку да размислувате за емотивниот живот, а второ, ќе морате да попуштате пред колегите и претпоставените на работното место. Вашиот владетел Меркур е негативно поставен за вашиот знак и преку целиот месец ќе остане во таква положба. Можете да очекувате некои потешкотии и непредвидени препреки, меѓутоа позитивно е тоа што сите тие кратко ќе траат. Избегнвуајте поголеми ризици во работата бидејќи сите можат да завршат трагично. Најтешко ќе поминат Девиците на кои работата им е поврзана со комуникација. Ќе ви одговара повеќе самостојана работа во некоја канцеларија во која никој нема да ви пречи и досадува. Занемарете ја потребата за дружење на работното место, работа во тимови и сл. Најдобро ќе поминете доколку избегнувате поголеми собири и дружења. Кариерата во овој месец нема многу да ве интересира повеќе ќе бидете заинтересирани за парите. Накратко ќе заборавите на старите идеали и ќе ја прифатите општата игра за стекнување на богатство. Некако без пари ќе се чуствувате изгубени и несигурни. Некои дури и ќе претераат во таквите размислувања па можеби и да направат некои непромислени работи. Позитивно е тоа што ќе заработувате повеќе отколку до сега и ќе наравите добра основа за исто така добри добивки за во иднина, меѓутоа внимавајте да не се изгубите во тоа. После 21 Јуни кога Сонцето ќе влезе во знакот на Рак ситуацијата делумно ќе се порави но сеуште нема да биде така добра. Одеднаш ќе почувстувате повеќе енергија, ќе пронајдете нови мотиви за делување и нема толку да се оптеретувате со анализа на својата животна ситуација. На деловен план ќе ви се отворат некои нови можности, но суште не треба да ризикувате.
Првата половина од Јуни нема да ви донесе некои посебни прилики и настани. Кај некои проблемите ќе одат до таа граница што навистина ќе ве исцрпуваат. Некогаш знаете самите себе да се измачите со детална анализа меѓутоа кога ќе започните тоа да го правите кон партнерот вашиот однос со него ги менува тековите и често раскинувате. Тоа ќе ви се случи токму и сега. Премногу ќе размислувате, а ќе бидете закочени во делувањето. Се некако споро ќе ви се одвива и за секоја активност ќе ви треба голема енергија. Често ќе ви се јавува желба да побегнете некаде во самотија и да заборавите на се. Обидете се да живеете поопуштено, тоа во моментот е најважно. Кога ќе ве нападнат депресивни мисли посветете му се на работата или на спортот. Разговорите со пријателите можат многу да ви помогнат, но само ако целосно се отворите и опуштите. Треба повеќе да се отворате спрема луѓето и кон оние за кои знаете дека можете да имате доверба. Во третата декада ситуацијата по малку ќе почне да се менува кон подобро, тешките мисли повеќе нема да ги имате и ќе почнете повешно да комуницирате. За почеток тоа е добро, бидејќи за многу ќе ви се олесни работата. Сеуште не превземајте покрупни чекори, ниту пак започнувајте со решавање на некои љубовни проблеми. Овој период ќе биде малку полесен меѓутоа сеуште љубовната криза ќе трае. Најповеќе на удар ќе бидат Девиците во брак и оние кои се во подолга врска - често ќе размислувате за прекин, па кон крајот на месецот ќе стигнете блиску до решението. Слободните ќе бидат помалку оптеретени со љубовните проблеми и многу полесно ќе ја поднесуваат напнатоста од планетите. Ќе размислувате многу за љубовниот живот без некоја посебна желба да направите. Првата половина од месецот може да ви донесе некоја љубовна врска, со која нешто нема да биде во ред. Можеби личноста нема да биде слободна или се работи за личност со лош морал. Бидете подготвени на се и избегнувајте тајни авантури. Во последната недела можна е нова љубовна авантура која може да се претвори во нешто потрајно и подлабоко меѓутоа дали ќе бидете подготвени на тоа најповеќе ќе зависи од вас.
Поставеноста на планетите навестуваат напнат месец со многу нервози и стресови од кои повеќето ќе бидат неосновани и без некоја посебна причина. Можна е појава на некои ваши стари болести како што се проблемите со бубрезите или воспаленија на некои внатрешни органи. Главоболките ќе ви бидат чести и многу од вас ќе побараат лекарска помош. Во втората половина од месецот ќе ве имате малку поголема физичка енергија меѓутоа нема да биде доволна за да се чуствувате добро. Кај женските претставнички можни се некои гиниколошки проблеми од наследен карактер. Постои опасност за промени на телесната тежина. Кај повеќето зголемување, а кај некои намалување. Затоа препорачуваме лесна храна.
Во овој месец најважно е да се опуштите и да не мислите на проблемите. Променете ја фризурата обновете ја гардеробата тоа добро ќе делува на вашата самодоверба.
Во почетокот на месецот најповеќе ќе ви одговараат Биковите, а преку целиот период ќе ве привлекуваат Јарците. Силна телесна привлечност, а сличните погледи према парите уште повеќе ќе ја продлабочат оваа врска. Во љубовта добро се сложуваат, бидејќи сексот не им е најважен во животот, а може да биде згоден начин за искажување на љубовта и блискоста, со што ќе ја зајакнат врската. Депресиите на Јарецот би можеле да го подобрат нивниот сексуален живот, бидејќи во тој случај Девицата станува почувствителна и попилагодлива на своите желби. Јарецот еден од знаците кои им одговараат на Девицата.