Јуни
Работа

Марс во Вага во текот на целиот јуни ќе ви предизвикува пречки и разочарувања на деловен план. Ќе иамте чувство дека цела своја енергија и сила ја трошите на работа и на разни обврски, а резултатите од толку големиот труд ќе ви изгледаат недоволни и беззначајни. Поставеноста на Меркур исто така во непријателскиот знак на Близнаци ќе ви ја зголемува напнатоста создавајќи напнати односи со деловните соработници, претпоставените и колегите. Добрата комуникација е исклучително важан во овој период и доколку не ја подобрите лошо ќе се одрази на вашиот работен елан и животен ентузијазам. Би било добро во првата половина од месецот да избегнувате нагли одлуки и конфронтации со авторитетите, а повеќе да се ориентирате на заостанатите обврски. Во втората половина од Јуни ситуацијата значително ќе се подобри иако сепак ќе биде далеку од идеална. Трпеливоста и самоконтролата ќе ви помогнат да бидете успешни и креативни, па последните денови од јуни може да ви го донесат посакуваниот успех и добрите резултати. Ќе ви одговараат работи поврзани со патувања контакти со странство, надворешна трговија и комуникации, а добро ќе ви бидат аспектирани и работите поврзани со трговија, истражување и маркетинг. Затоа причекајте ја последната декада од месецот тогаш се ќе биде подобро и полесно. Резултатите ќе бидат нешто поповолни за родените во вотрата декада кои поради добрата поставеност на планетата на среќата Јупитер сеуште се под заштита. Финасиската состојба нема да биде како што посакувате особено во почетокот на месецот кога ќе ви се чини дека парите ги гините или некој ви ги зема, а резервите ќе ви исчезнат без трага. Покрај сето тоа константно ќе се расправате со претпоставените барајќи покачување на личниот доход.


Љубов

Ве очекува нестабилен месец посебно за оние кои веќе се во врска. Напнатоста најповеќе ќе ја чувстуввате во почетокот на месецот кога одненадеж ќе ве зафати љубовна криза и ќе се најдете толку осамени што ќе започнете да ги преиспитувате чувствата. Тешко ќе се смирувате, а брзо ќе се лутите. Партнерот едноставно не ќе може да ја поднесе вашата крутост и лутењето поради некои ситни проблеми, најчесто љубомората, посесивноста и таинственсота. Гледајте да не претератеи да изгубите некој кој навистина го сакате. Биде поотворени и подиректно пристапувајте кон партнерот, одлучете се за искрен разговор и не ги потискувајте чувствата. Само доколку успеете да ги решите овие проблеми во втората половина од јуни ќе ви бидат понудени прифатливи објаснувања и во вашиот емотивен живот повтроно ќе се внеси оптимизам. Затоа доколку успеете да го пребродите овој период со сопствени сили ќе промените некои работи кои до сега многу ви пречеле. Втората половина од јуни ќе биде многу попријатна и поисполнета со љубов. Вашата врска би можела да доживее нов почеток и среќен продолжеток. Можете да го искористите овој период и за краток одмор, на тој начин ќе избегнете многу деловни грижи, барем на кратко, а ќе проживеете незаборавни моменти исполнети со нежност и топлина. Ако сте слободни или пак не сте задоволни од постоечката врска љубовното задоволство ќе го пронаоѓате во тајните авантури. Нескалдно поставениот Марс може да предизвика многу разочарувања и незадоволства, но исто така и многу еротски апетити кои тешко ќе можете да ги задоволите со една личност. Ваквото однесување може да предизика несакан емотивен хаос како и многу непријатни ситуации. Воздржете се од било какви врски во првата половина од овој месец. После овој период ќе бидете многу повеќе заинтересирани за љубов и емоции одколку за минливи авантури.


Здравје

Во јуни не би требало да имате некои посериозни здраствени тешкотии, единствен проблем ќе биде негативно посатавениот Марс кој би можел да предизвика чести замори, нервоза и главоболки. Со влегувањето на Сонцето во знакот на Рак после 21 Јуни ќе ја добиете потребната заштита од Сонцето и Венера кој покрај тоа што ќе ве надарат со убави привлечен изглед ќе имате и добра физичка кондиција и виталност. Затоа не се затварајте во четири ѕида со кафе и цигари, излезете во природа, возете велосипед, трчајте и сл. Така ќе се чувствувате многу поздраво, а нервозите осд работното мсето ќе ги знема.


Совет

Избегнвуајте ги расправиите со деловната околина и концетрирајте се на сопствените амбиции. Додека гледате што работаат другите и колку сработиле дотогаш ќе имате и проблеми со кариерата.


Идеален партнер

Идеален партнер на емотивен план за овој период најповеќе ќе ви одговараат Раковите. Препуштете им се на нивната сигурна рака и едноставно уживајте. Бидејќи и двајцата се внимателни со парите во оваа врска не би требало да има финансиски проблеми, умеат со него да располагаат и да штедат. Без оглед на тоа колку пари имаат сепак нема да пропутат да ја прослават било која семејна свечаност. Таа сентиманталност им е заедничка и може да стане основа за поинтимна врска меѓу нив. Јарецот можеби ќе треба да развива романтични склоности за да го усреши Ракот вкревет, а Ракот пак ќе мора да се помири со тоа дека Јарецот не е расположен за секс кога ќе падне во една од своите депресии.