Деловната ситуација во овој месец ќе биде многу подобра отколку шо можете да очекувате. Марс е поволно поставен во знакот на Вага, па очекувајте неколку важни прилики. Предизвиците ќе ги имате во изобилство и ќе бидете подготвени да одговорите на сите. Единствено што може да се јави како пречка тоа се летните авантури, патувања и сл. Во еден момент ќе дојдете во ситуација да избирате помеѓу работата и задоволствата. Највероватно ќе се одлучите за задоволство, па што друго тоа е во вашата природа. Важно е подоцна да не се жалите дека не ви била овозможена шанса. Првата половина од месецот ќе биде посебно поволна за деловнииот живот, а во втората половина поради некои љубовни проблеми не ќе можете целосно да му се посветите на работата. До 21 Јуни ќе бидете целосно навлезени во деловните води, а во последната декада од месецот ќе се зафатите за подобрување на вашата финасиска состојба. Планетарните делувања се доволно добри да одговорите на било кој предизвик, не пропуштајте ништо, втора шанса нема. Ќе бидете добри во трговијата, комуникациите со луѓето, патувањата исто така ќе ви одговара и менаџерската работа која би моела да биде нов предизивик за вас. Добро се аспектирани медиумите и медиумските настапи. Состојбата со парите се подобрува, а вие се повеќе трошите. Долго време чекавте да се одлободите од долговите, а сега е време малку да потрошите на себе и да ги видите резултатите од макотрпната или прекувремената работа. Имајте на ум дека доаѓаат летните одмори и дека ќе ви требаат одредени средства за нив, па можете да намалите со многуте луксузи кои во поселдно време си ги дозволувате.
Јуни во голема мера ќе биде во знакот на љубовта меѓутоа амбициозните Лавови ќе немаат доволно време за неа. Бидекќи на деловен план ќе бидете презафатени, може да се случи да изгубите еден прекрасен период, во кој може да се случат многу убави нешта. Хармонично поставената Венра и добриот аспект со Марс ќе ви овозможат несекојдневни љубовни авантури и патувања. Вемето ќе го минувате одлично се до тогаш додека не ја покажите вашата слаба страна. Партнерот не сака слаби личности, сака постојано да ја задрижте лавовската улога. Слободните ќе имаат прилика да освојат нечие срце. Можеби и во истото ќе се заљубат, а потоа брзо и да раскинат. Највероватно ќе мора да биде така. Исто така за многу Лавови новите врски ќе завршуваат пред да почнат, меѓутоа сепак ќе бидете среќни бидејќи конечно нешто се случува. Бидете поитри и не ги правете истите грешко по неколку пати. Покажете малку ранливост и слабост, тоа е она што им недостасува на типичните Лавови. Лавовите кои се во брак или во подолга љубован врска ќе решаваат стари проблеми, а ќе прават нови. Ќе бидете концентрирани на односот со партнерот и конечно ќе се зафатите да средите нешто што подолго ве измачува. Бидете посамоуверени и настапувајте посигурно. Вие сигурно сте сосема самостојни, но не заборавајте дека сте и толку емотивни. Поради нагласената гордост често работите против своите емоции, а со тоа и спротив самите себе. Ако сакате да ги решите љубовните проблеми ќе мора да бидете попопустливи и помалку тврдоглави. Последната декада од месецот ве очекуваат некои сплетки и интриги од кои тешко ќе можете да се извлечете. Ќе мора малку да глумите наивност доколку сакате да ги исправите работите и да не го загубите партнерот. Опуштете се и помалку мислете на впечатокот кој го оставате. Во овој период нагласени се и флертовите меѓутоа исто така вашиот партнетр лесно би можел да дознае за тоа. Внимавајте да не ја прекинете врската поради некои ситни глупости и не бидете толку сигурни во себе дека тоа толку лесно ќе го пребродите.
Вашето расположение во овој месец речиси постојано ќе биде задоволително со помали и кратки неподносливи нервози и тоа после 18 Јуни. До тогаш со здравјето ќе биде се во најдобар ред освен честите мамурлоци поради нередовниот и бурен ноќен живот. Повекето од вас ќе бидат преоптеретени со деловните активности па главоболките и заморот ќе им бидат честа појава. Повремено ќе чувствувате и минлива аритмија на срцето. Направете контроло дококу се сомневате во дека нешто не е во ред со вашето срце.
Обидете се помирно и попромислено да ги решавате деловните проблемите. Нервозното и нетрпеливо однесување може да ви одведе многу успеси како деловни така и љубовни.
Во овој месец ќе барате личност која емотивно може многу да подарува. Тоа се Рибите. Во оваа комбинација Лавот мора да свати дека еротски никогаш нема да биде задоволен. Мора да ја заштитува нежната Риба која се впива, опростува и трпи. Рибите се најчесто папучари, попустливи, жртви и се поднесуваат, а Лавот бара јака личност која е способна машки да ги поднесува проблемите и не сака да изиграва нејзин заштитник. Единствено што ќе го задржи Лавот во оваа врска е тоа што неможе да најде подобар партнер кој ќе му пружи поголема чувствителност и поддршка од Рибата. Ако машкото е Лав тоа е идеално.