Dneven Horoskop-Bik 8 Јуни - 14 Јуни

Работа
Ќе помислите дека ништо не ви оди од рака. Односите со околината ви се лоши, а нема да се сложувате ниту со претпоставените ниту со колегите на работа. Ќе биде нагласен отпорот и ограничувањата. Ве советуваме да се воздржите, бидејќи во вашите настојувања нема да бидете многу успешни. Иницијативата во врска со некоја важна работа препуштете му ја на личност која е одговорна за нејзино извршување. Некои од вас ќе имаат прилика да заработат пари неочекувано.

Љубов
И приватните односи ќе ви бидат во криза, внимавајте од љубомора. Оние кои се во брак ќе треба цврсто да се држат заедно за да можат зеднички да го решат проблемот кој ги засегнува. Ако сте слободни, излегувањето со една важна или многу драга личност предвидува дека вашите замисли комплетно ќе се реализираат. Бидете фини, складни и недостижни во конверзацијата, бидејќи само така ќе оставите добар впечаток.

Здравје
Водете повеќе сметка за здравјето и бидете посмирени, само така ќе ги избегните пречките со срцето.