Dneven Horoskop-Lav 8 Јуни - 14 Јуни


Работа
Работите не можат да чекаат. Доколку нешто сте пропуштиле неделава тоа мора да го надополните. Ќе бидете во некоја занесеност, а тоа ќе ви биде и главна мотивација за сите ваши активности. Меѓутоа во овој период ќе морате со повеќе внимание да му се посветите на професионалните барања. Многу е важно со кој влегувате во работа. Одбирајте ги деловните партнери и соработници. Занимавањето со креативна работа и правилното користење на енергијата ќе ви донесе конкретни резултати. Ве очекуваат финансиски потешкотии кои успешно ќе ги разрешите.

Љубов
Многу ќе ве нрвира тоа што некои сакаат да се мешаат во вашиот приватен живот. Ќе бидете под притисок да постапите на одреден начин, а во вас се јавува отпор и желба за слобода. Родените во третата декада ќе имате убаво љубовно доживување и продлабочување на односите во вашата врска.

Здравје
Здраствената состојба ви е доста чуствителна, внимавајте на крвниот притисок.