ПОЧЕТНА

Јуни
Работа

Благодарение на добрата поставеност на вашиот владетел Марс во знакот на Вага, јуни ќе ви донесе некои нови деловни прилики. Ќе размислувате за нова работа и за нови деловни потфати. Воглавно би било добро кога овој период би го искористиле само за работа. Целиот месец ви е во знакот на амбициите, а успехот загарантиран до 21 јуни кога Сонцето ќе го напушти знакот на Близнаци. Би можеле тежината од емотивниот да ја префрлите на деловниот живот особено после 18 Јуни. Во првата половина од месецот ќе постигнувате исклучителни деловни резултати и лесно ќе ги заобиколувате сите препреки кои ќе се појават. Вистинските прилики ви се отовраат после втората седмица, па би треблао да ги искористите. Ќе биде нагласена и вашата креативност, проблемите ќе ги решавате брзо, а ќе постигнувате резултати во кратко време. Можете слободно да влезете и во ризик планетарните делувања се наклонети за тоа. Средината на месецот е иделана за започнување на нова работа или промена на работно место, вложување во нови инвестиции и сл. Не застанувајте искористете ги поволните планетарни движења. Финасиската состојба ќе виде добра преку целиот период. Конечно ќе имате контрола над неа иако ќе трошите повеќе од планираното. Нема причина за загриженост освен ако емотинвиот живот не ви донесе некои поголеми и непредвидени трошоци. Односите со околината ќе бидат мирни и вообичаени. Можни се и некои расправии кои се дел од вашата природа меѓутоа вистинската напнатост ќе ви ја прават пролемите во семејниот круг. До некаде будните односи и ви одговараат така животот не ви е досаден, па можеби и цела ситуација до некаде и ќе ви одговара. Одоносот со пријателите ќе ви биде добар особено во првата половина од месецот а во втората доаѓа период на дисхармонија посебно во односот со колегите. Доста ќе ви пречи љубезноста на некои блиски соработници за кои знаете дека зад сето ота се крие лицемерие.


Љубов

Овој месец ќе биде во знакот на љубовта за сите Овнови. Пречка ќе ви биде зафатеноста во деловниот живот, па не ќе можете целосно да се посветите. Во моментите кога ќе престанат деловните активности поради кои ќе ги потиснувате сите останати проблеми ќе се насочите кон размислувања за вашиот љубовен живот. Во таквите моменти ќе ви пукаат старите страсти, па тешко дека ќе можете да останете рамнодушни. Многумина од вас немајќи време да се посветат на овој дел од животот можеби ќе и се вратат на некоја стара љубов. На оние на кои работата им е порелаксирана ќе имаат многу прилики за нова врска. Ќе сретнете неколку личности кои ќе ги возбудувате веќе на прв поглед, а интересто се повеќе ќе се зголемува како подлабоко навлегувате во комуникацијата. Овните во брак и оние во трајните врски конечно ќе успеат да решат некои несогласувања со партнерот. Не го одложувајте разговорот со партнерот, сторете го тоа до средината на месецот, бидејќи подоцна нема да имате така поволни прилики. Последната декада од јуни е помалку незгодна за брачните врски, расправиите ќе бидат чести, но донекаде и позитивни, ќе ви помогнат да ги преуредите односите со партнерот и така повторно да се разгорат старите страсти доколку врската ви се истрошила. Бидете сигурнидека расправиите ќе ве спасат од конечниот прекин. При тоа цело време имајте на ум што сакате и што очекувате од партнерот а и од самата врска. Само со такви претпоставки ќе можете да ја решите ситуацијата и за двете страни.


Здравје

Сонцето се наоѓа во добра положба спрема вашето соѕвездие, па така чуството на исцрпеност и напнатост ќе бидат непознати за вас. И покрај исцрпната работа тешко ќе се заморувате. Единствено ќе треба да бидат повнимателни заболените од срце и се препорачува некој полесни спортски активности, но во оние само во кои можете да уживате. Последната декада од месецот ќе биде малку напната, меѓутоа енергијата сеуште ќе биде на високо ниво бидејќи Марс вашиот владетел преку целиот месец е поволно поставен за вас.


Совет

Посветете му се повеќе на деловниот живот, но при тоа обидете се да не го нарушите емотивниот. Немојте да бидете автодеструктивни и не се заљубувајте во личности кои си играат со вашите чувства.


Идеален партнер

Со Вагите ќе бидете доста среќни, но со повремени недоразбирања. Најповеќе ќе се сложувате со личностите родени во знакот на Лав. Во оваа врска конфликтните ситуации можат да имаат важна улога, бидејќи и двата партнера уживаат во тоа. Ако се појават финансиски проблеми, животот би можел да стане многу тежок за нив, бидејќи и едниот и другиот имаат изразена потреба за удобност во животот. Агресивноста која е присутна и кај Лавот и кај Овенот, може да се одрази во креветот особено после некоја жестока расправија. Овенот можеби ќе ужива да води љубов, а истовремено да го мрази Лавот.