Вашата работна мотивација од минатиот месец полека ќе почне да ви опаѓа. Работите почнуваат да ви тапкаат в место и само ако бидете навистина ефикасни можете благовремено да ги реализирате сите активности Не разочарувајте поради тоа, набргу ве очекува успех. Многубројните друштвени активности ќе предизвикаат кај вас потреба за експериментирање. Сеуште ќе бидете подготвени за решавање на работните проблеми, меѓутоа вашето мрачно расположение ќе ви ја упропасти било која работа што ќе ја започнете во овој месец. Во моментот не сте во сосотјба да донесете важни одлуки, па затоа не се впуштајте во некои приказни што сега не ви се потребни. Новите одговорности наметнати со промените кои веќе сте ги поминале не ви се непознати. Но земете во обзир дека не се сите така едноставни и дека можете да ги доживеете како преголем притисок. Сепак немојте да дозволите да ве измачуваат недоверби од поголеми размери, кои можат да ги уништат вашите планови. Запознавањето со сопствените можности понекогаш може да биде незгодно. Но што побрзо се запознаете со самите себе тоа и поуспешно ќе ги искористите вашите способности. Бидете понастрана од големи собири, дружете се само со најблиските, бидеќи ќе ви биде потребна нивната помош. За Рибите родени во третата декада, ова е поволен месец за склопување на договори и започнување на проекти. Во се што ќе започнете ќе имате подршка од околината, што исклучително многу ќе ви значи. Некои претставници ќе доживеат успех на полето на уметноста, а некои во јавните комуникации. Финансиската состојба преку целиот месец ќе биде просечна, со добри астролошки предуслови значително да се подобри, но само ако сериозно се зафатите за нејзино решавање. Притоа не трошете на неважни ситници, гардероба и сл.
Љубовта за овај месец ќе претставува вашата главна преокупација. Помалку го губите компасот. Не знаете како ќе изгледа вашата иднина и што се случува околу вас, па му давате важност на погрешни работи. Послушајте ги вашите инстикти, впуштете се во похрабра врска или авантура. Ако наидите на проблеми или семеен притисок најдобро ќе ви биде да се спротивставите. Немојте многу да размислувате, туку правете тоа што чуствувате и потрудете се конечната одлука да ја донесете што можете поскоро. Премногу проблеми ви се натрупале, а вие немате доволно храброст, време и нерви да почнете со нивно решавање. Често ќе посакувате да ве остават малку сами со себе, мислејќи дека тоа е вистинското решени и дека така можат да се решат пробелмите. Кај некои ваквата желба за повлеченост може да премине во апатија и незаинтересираност за заедничкиот живот. Тоа може да предизвика сериозни проблеми со партнерот посебно ако сте во брак или долга врска. Последната декада од месецот ќе биде многу поповолна за решавање на сите љубовни проблеми. Слободните ќе имаат многу повеќе прилики за запознавање на личност од спротивниот пол. Ќе бидете доста привлечни и волшебни за спротивниот пол, така што до некои работи ќе дојдете само со вашиот шарм. Доволен е само еден ваш поглед. Најпогодни знаци за овој период ќе ви бидат Раковите и Скорпиите, со кои најдобро ќе можете да ги задоволите вашите големи сексуални апетити. Сосотјбата во семејството како и обично не е каква што посакувате. Само што ќе решите еден проблем веднаш се појавува другиот. Не внесувајте премногу емоции, тоа најповеќе ги разгорува проблемите. Бидете колку можете порационални. Со помладите членови бидете малку построги и поафторитативни.
Лошата поставеност на Марс планетата не енергијата према вашето соѕвездие ќе ви дава многу ниско ниво на енргија, а тоа лошо ќе делува врз вашето здравје. Проблемите на работното место многу лесно ќе ви ги креваат нервите до таа мера што некои дури ќе посегнат по таблетките за смирување. Земете боледување ако не се чуствувате добро со тоа не само што ќе ја вратите изгубената енергија туку ќе избегнете и напнатата ситуација на работното место кое во последно време е причина за вашиот висок крвен притисок. Се препорачува повеќе одмор и тоа активен во кој ќе мора да ја исфлите целата негативна енергија која сте ја насобрале. Кај родените во втората декада кон крајот на месецот ќе им се зголеми нервозата која може да резултира во проблеми со дигестивниот систем. Доколку планирате промени со вашиот изглед би било добро тоа да го направите во последната недела од овој месец.
Не дозволувајте ситници или нечија преголема амбициозност да ви ја намалат мотивацијата за работа. Сторете се што е во ваша можност да останете високо мотивирани за работа.
Бидејќи често ќе сакате да се повлекувате во себе, единствен знак кој би можел флексибилно да се однеусва на таквите постапки е Бикот. За да ја најдат смислата на животот и за да не се почувствуваат тажно бескорисни и отфрлени суштества, ним им е потребно да веруваат дека се неопходни на саканата личност. Кога таквата личност ќе се загрижи заради најмалото оддалечување, на Рибите тоа им е радост без граници и им оддава впечаток дека постојат. Бикот од своја страна и не бара ништо друго освен за некого да се грижи и да го опкружува со нежност. Од друга страна, тој мрази кога некој му бега низ прсти и не му дава прецизни одговори на неговите прашања. Нему значи му требаат енергични Риби. Такви постојат - Риби кои се исполнета личност, кои имаат чувство за реалност, кои пливаат во права линија. Но, тоа е реткост и Бикот често ќе запаѓа во настапи на бес, како што само тој умее. Рибите тогаш ќе се чувствуваат виновни, што и обожаваат. Покрај подемите и падовите се добро ќе се заврши под услов да ги избегнуваат драматичните страствени сцени.