Во првата половина од Јуни ќе се одликувате со многу ниско ниво на енергија, мрзеливост и безволност, па многу од работата ќе ви остане недовршена или пак завршена колку да се рече дека е. Ваквата состојба може навистина да ви направи проблеми, бидејќи и самите знаете дека во последно време не се сложувате многу добро со претпоставените. Но, за среќа, кога ќе ги поминете сите граници и кога претпоставениот или колегите ќе соберат храброст за да ви кажат колку не сте добри, вие одеднаш ќе бликнете со енергија и со јуриш за подобра кариера. Оние пак кои се отеретени со деловниот статус или пак не му е целсосно решен би можеле да заработат отказ. Доста негативно се аспектирани работите кои барааат концентрација и ентузијазам. Исто така ќе ви недостасува комуникативност, а не ќе знаете како да ги пренесите деловните идеи. Подгответе се на минлива напнатост и честа исцрпеност која ќе внесува немир на работното место. Најважно од се, е да ги избегнувате несогласувањата со претпоставените и да ја потиснете желбата за власт. Многу нови идеи или почетоци на проекти ќе ги чувате во тајност чекајќи подобри времиња кога би можел да ги искористите за ваша лична афирмација. Потрудете се да бидат многу тајни бидејќи со појавата на мал сомнеж од страна на колегите може се да пропадне во вода. Значи, првата половина од јуни ќе биде нешто понепријатна од втората и ќе бара од вас многу труд и ангажирање за дапостигнете задоволителни резултати. Во втората половина ќе почувствувате позитивни промени кои малку од малку ќе ви ја вратат посршката од вашите заштоитници и пријатели а и односите со авторитетите помалку ќе ги средите.
Јуни за Скорпиите нема да биде многу емотивно возбудлив. Позитивниот развој на љубовните настани ќе мора да ги чекате за некој нареден месец. Ќе предизвикувате доста недоразбирања, а внимание на партнерот речиси воопшто нема да му обрнувате. Емотивната напнатост највероватно ќе доаѓа од внатрешното незадоволство и нервоза. Ќе ви биде потребно многу трпение и толеранција доколку не сакате хармонијата во бракот да ја нарушите или врската да ја прекинете. Слободните ќе бидат склони кон чести љубоивни авантури во кои ќе се обидат да остварат некои од своите најскириени интимини желби. Критериумите за нова врска ќе ви бидат многу високои. Ќе барате сјај, луксуз и сл. А ништо чудно да налетате на некој личност под сомнителен социјален или деловен статус. Во деловната средина би можеле да се запознаете со недостижна личност која кај вас ќе предизвика воодушевување и ќе ве натера на освојување иако за тоа ќе знаете дека шансите се минимални. Емотивните врски кои ќе бидат зачнати во јуни нема да бидат многу среќни, ќе ви треба многу напор и исцрпување за да ги зачувате. Некои од вас потполно ќе бидат незаинтересирани за љубов и тоа можеби е најсреќно решение, но само доколку енергијата ја насочите на добро место. Оние кои уживаат во авнтурите, кратките љубовни врски во овој месец постојано ќе налетуваат на некои тврдоглави личности кои ќе се трудат да ви понудат стабилност и сигурност, а вие тоа во моментот не го сакате. Оние кои се во подолга врска или брак ќе мораат да вложат многу труд за да ја зачуваат хармонијата. Од работното место често дома ќе си доаѓате нервозни каде ќе ве дочекаат нови проблеми. Постојано нешто ќе ви се префрла како другата страна не е задоволна од односот и како нешто треба да промените во вашето однесување. Значи Јуни не е многу среќен за љубов, ќе мора да бидете трпеливи уште некое време за да ја најдете љубовната среќа.овидете се во се да најдете заеднички јазик како би ги избегнале проблемите и нервозите. Кон крајот на месецот ќе го почвстуввате првиот знак на задоволство. Понатаму доаѓаат среќни денови.
Јуни ви носи доста силни и нехармонични делувања на планетите. Поставенсота на вашиот владетел Марс во за вас нехармоничниот знак на Лав нема да ви даде доволно енергија да се справите со сите здраствени проблеми, а лошата поставеност на Венера неповолно ќе делува на вашиот изглед. Ќе се облекувате без некое посебно задоволство, а тоа ќе ве прави неатрактивни. Со здравјето поголеми проблеми нема да имате меѓутоа постојано ќе чувстувате некаков притисок и мисла дека нешто не е во ред со вашето здравје. Внимавајте на срцето и не се изложувајте премногу на сонце. Плаанинарските излети можат многу поволно да влијаат во овој период, тоа е место каде најдобро можете да ја потрошите негативната енергија.
Мора да ги решите љубовните проблеми, погледнете на назад и видете каде сте грешеле. Тогаш веќе пола работа ќе ја завршите.
За овој месец најповеќе ќе ви одговараат личностите родени во знакот на Рак. Проблемите ќе ги споделувате заедно, а страстите нема да дозволуваат расправии. Ова се судбински важни врски кои неможат да ги расипат ниту лошите аспекти. Скорпијата како партнер е љубоморна но Ракот вознесува со својата верност. Ракот бега од дома и се бори на многу места, но кога ќе дојде дома се смирува во топлото крило на Скорпијата. Жестоката Скорпија бара се или ништо, за предаство убива но топлиот Рак го смирува. Овие две личности ги мотивираат чувствата и интуицијата. Врската која ги врзува обично е многу цврста. Раковиот чувствителен пристап кон сексот може само да ја продлабочи врската. Овие двајца ветуваат сјајна заедница.