Во текот на овој месец деловните настани би можеле од вас да бараат доста работа и само работа. Се разбира дека тоа нема да ве воодушеви, но смирено ќе го прифатите таквиот развој на настаните посебно ако сте пресно вработени. Како и да е сите овие настани ќе ви направат позитивни промени и можност да го преуредите својот живот. Повеќето Стрелци како родени авнтуристи ќе почувстуваат исклучителна потреба за уживање и авантури, меѓутоа тешко ќе ви паѓа тоа што постојано ќе треба да мислите на ситуацијата на работното место. Во втората половина од јуни ќе се обидете да избегате од одговорностите и обврските што не е така добра идеа, лесно можете да бидете казнети и да не ги одбиете потребните бенифиции, кои ќе ви бидат потребни во наредниот месец. Оние кои целосно ќе му се посветат на работата и ќе ги потиснат желбите за излежување на песочните плажи, ќе направат значајни деловни успеси. Можни се интересни контакти со странство кои ќе ги прошират вашите видици и ќе ви овозможат порелаксирано да работите. После 21 јуни потешко ќе се концентрирате на секојдневните работни задачи, а големата енергија и способност за планирање нема да биде на потребното ниво за да го остварите посакуваната цел. Во овој период ќе се занимавате со малку посурови деловни активности кои од вас ќе бараат многу сталоженост и трпеливост. Финасиската состојба во првата половина од месецот нема да доживее некои позначајни промени релативно мирно ќе ги поднесувате сите секојдневни трошоци. Позначајни финасиски збиднувања очекувајте после 21 јуни кога вашите заштеди би можеле да пресушат или премногу да се растрошите и да изгубите контролата над финасиите. Не дозволувајте заради некои ситни пропусти да дојдетре во нова криза токму пред летните одмори.
Веќе од првите денови на јуни почнувате со интензивен љубовен период кога воглавно ќе се занимавате со освојување или решавање на пореметените односи во вашата љубовна врска. Вашите емотивни критериуми ќе бидат исклучително високи, па за чудо нема да ве привлекуваат авантури и кратки љубовни врски. Некои ќе бидат и понатаму во потрега за возбудувања меѓутоа тешко дека ќе ги најдат. Ќе ве привлекува се што е недостапно и тешко освоиво, а кај повеќето од вас ќе се појави и желбата за врски со странци кои ветуваат далечни патувања и живот во странство. После 21 јуни ќе бидете нешто понапнати, па би можле бурно да реагирате на секое потискување на вашите желби. Не си го расипувајте доброто расположение со непотребни расправии за кои знаете дека не сте во право. Ако не сте вработрени спакувајте ја вашата торба и заминете на некое од нашите туристички места, ве очекуваат доста интересни и емотивни средби во кои ќе има многу возбуда, страсти и дружење. Оние кои се во врска би било добро краток период да поминат без партнерот. Тоа можеби накратко ќе ве онерасположи меѓутоа позитивно ќе влијае за зацврстување на вашата врска. Ако сте во брак подгответе се за обврските како спрема својот партнер таки и спрема децата и роднините. Тоа помалку ќе ве исцрпува и ќе ве прави нервозни не си дозволувајте некои мали недоразбирања со роднините да ви направат големи промени и емотивна напнатост. Би било добро накратко со партнерот некаде да заминете и да ги поделите интимните моменти во некое летно одмаралиште. Уживајте во својата заводливост и привлечниот изглед. Мала доза на љубомора и посесивност од страна на вашиот партнер може да биде добра. Кон крајот на месецот слободните Стрелци би морале малку да бидат повнимателни. Во силната желба на некој да му го подарите своето срце би можеле да налетате на помалку интригантна личност која нема да ја забележува вашата заинтересираност. Можни се и авантури со колегиили личности кои живеат непосредно до вас.
Во текот на јуни ќе зрачите со привлечен и шармантен изглед, ќе бидете желни за возбудувања и авантури, а сето тоа е резултат на големата енергија, оптимизмот и еланот. Првата половина ќе ја поминете без речиси никакви здраствени проблеми, меѓутоа втората половина ви носи ненадејни нервози кои би можел да предизвикаат помали пречки со зелудникот и воопшто органите за варење на храната. Други здраствени проблеми нема да чувствувате освен што ќе треба да внимавате од повреди кои се нагласени кај родените во првата декада. Внимавајте на колковите и воопшто на нозете, лесно можете да здобиете некоја скрешеница.
Искористете го поволниот период како во деловниот така и во емотивниот живот. Не заборавајте на деловните обврски сеуште не е време за годишни одмори.
Доколку ви треба личност за патување, авантир и заминување некаде во странство за тоа најсреќни ќе ви бидат Лавовите. Двата знаци се со огнена природа па таква ќе биде и нивната љубов. Нивниот сексуален живот е нагласен и тоа во прв план, а несогласност се јавува во општествените интереси и желби. Стрелецот многу често има склоност кон кокетирање со спротивниот пол и често се впушта во прељуби. Во оваа комбинација Стрелецот е далеку поснажен партнер. Гордоста на Лавот можеби ќе биде причина за нивната права кавга, затоа што ако забележи, Стрелецот дека му се восхитува на некој друг, ќе биде повреден и ќе ја прекине врската. Иако расправиите можат да бидат чести оваа врска сепак може да се одржи и да биде извонредна.