Јуни
Работа

Бидејќи веќе некое време се трудите да ги решите љубовните проблеми, деловниот живот ќе ви овозможи своето незадоволство да го конмензирате на деловен план задоволувајќи ги своите амбиции. Одлично ќе ви одат сите работи кои ќе ги зафатите меѓутоа недостатокот е во тоа што концентрацијата ќе ви биде на многу ниско ниво поради лошиот аспект помеѓу Меркур и вашиот владетел Уран. Можни се и некои препреки кои ќе се јават на самиот почеок на месецот и помалку ќе ја намалат самодовербата. Но со упорност и истрајност и малку поголема работливост ќе успеете да вратите се на старо. Веќе од втората недела од јуни ситуацијата ќе може да се менува во ваша корист, а и приликите за успех ќе бидат се почести. Комуникациите значително ќе ви се подобрат а со колегите многу подобро ќе се сложувате. Нивната подршка ќе ви биде исклучително важна во овој период. Ќе ви помогнат да го пребродите помалку неповолниот почеток на месецот и да останете на вистинската линија. Доколку се занимавате со некоја јавна дејност или работа во медиуми припазете на своите изјави и подгответе се за несогласувања со својата околина. Но доколку вашата работа е поврзана со економија, банкарство и вложувања, во текот на целиот месец ќе бидете задоволни со развојот на настаните и конечниот резултат на ситуацијата. Ќе ви одговара и самостојна работа, а најповеќе резултати ќе постигнете во областа на медицината, науката и тениката и патувањата. Комуникацијата сос странство ви е поволно аспектирана, можете слободно да сметате на вашите деловни соработници и малку на вашата интуиција, па да тргнете напред. Со финансиската сотојба ќе биде задоволни посебно во првата половина од месецот кога се добро аспектирани вложувањата и сите трговски трансакции.


Љубов

Ситуацијата на љубовен план во јуни ќе ви биде просечна. И покрај многуте несогласувања со личноста која ја сакате сепак добро ќе си минувате и брзо ќе ги решавате проблемите. Во последно време некако сте имуни на недоразбирањата и ви станале секојдневие. Па така понекогаш можеби и ќе ви недостасуваат. Сонцето е поставено во за вас пријателскиот знак на Близнаци, меѓутоа опозицијата од Марс и Уран, вашиот владетел, постојано непријатно ќе ве изненадува со бран на недоразбирања и несогласувања. Многу полошо ќе си поминете доколку за партнер имате некоја тврдоглава личност. Тоа најчесто се земјените знаци, па би било добро во овој период да ги избегнвуате. Позитивно е тоа што често ќе размислувате, па можеби конечно ќе сватите дека среќата треба да ја барате на друго место. За некои Водолии овој месец ќе биде исклучително важен посебно за оние кои се кои се наоѓаат во тајна врска. Конечно ќе пронајдете решение за своите проблеми и вашата љубов ќе ја обелодените. Ваквиот избор нема да направи да се почуствувате подобр, но доколку се одлучите за такво нешто потрудете се голем дел да остане и понатаму тајна бидејќи во спротивно многу луѓе ќе бидат навредени. Останатите Водолии кои имаат нормална врска постојано ќе се занимаваат со некои задкулсни игри кои се повеќе ќе ве исцрпуваат и внесуваат во позамрсена состојба. Затоа обидете се помирно и посталожено да го поминете овој месец и големите одлуки да ги оставите за некој нареден период. Слободните нема да се занимаваат со вакви проблеми иако овај месец нема да им биде многу плоден, тие ќе се чуствуваат задоволно и среќно. Имате изразена потреба за љубов и внимание, а тоа го добивате од пријателите и во моментото ви е сосема доволно. Избегнувате кратки авантури посебно не со личности кои веќе се во врска. Не се залажувајте било што да направите најпрвен побарајте чист терен. Кон крајот на месецот проблемите можеби повеќе ќе се разгорат и ќе ве натераат на некои промени за кои подоцна ќе сватите дека сте направиле добар избор. Затоа не брзајте со изјавите и постапките во љубовта, оставете времето само да ви го покаже патот.


Здравје

Поставеноста на Марс во знакот на Вага укажува на чувствително здравје. Постојано ќе ве прати чувство на замор и исцрпеност посебно во втората половина од месецот кога и онаа подршка од Сонцето што ја имавте ќе ја изгубите. Имунитетот ќе ви биде значително ослабен, ќе бидете и многу раздразливи. Немојте да се оптеретувате со проблеми и грижи и оидете се да ги избегнувате стресните ситуации. Тие во моментот им се најголем непријател на вашето здравје. Ваквата состојба може многу да делува врз вашиот изглед, па би било добро повеќе да внимавате на своите навики и да водите поуреден живот.


Совет

Обидете се колку можете посмиерно да ги пребродите кризите и напнатостите посебно на љубовен план. Посветете му се повеќе на работата и внимавајте на своето здравје.


Идеален партнер

Во овој месец најповеќе разбирање за вашите проблеми ќе имаат Близнаците. Ова се два воздушни знаци, па со тоа постои взаемна и искрене љубов. Спонтано се сретнуваат и без предрасуди влегуваат во љубовна врска. Ги поврзуваат идеали, музика патувања, авантури друштва итн. Не се љубоморни еден на друг, секогаш се во лов на нови сензации и создаваат нови и нови познанства. Близнаците се површни, додека Водолијата има нешто подлабоки чувства и лесно продира во суштината на нештата, па со тоа лесно се усогласуваат. Во оваа врска се зависи од Водолиите и од степенот на ниваната ексцентричност. Можат да имаат добар брак.